• Latest

Колку одложувањето ќе ја чини државата и други суштински прашања за изборите

March 19, 2020
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Колку одложувањето ќе ја чини државата и други суштински прашања за изборите

March 19, 2020 16:26
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Колку и да изгледа неблагодарно од оваа перспектива да се зборува, сепак, останува отворено изборното прашање и како со новонастанатата ситуација ќе се регулираат изборните прашања. Иако е постигнат договор за одложување на предвремените парламентарни избори, претходно закажани за 12 април, а за парламентарните избори ќе се одредува нов датум кога за тоа ќе се создадат услови, останува да се размислува како тие избори ќе се организираат и дали гласачкото право ќе биде максимално испочитувано. Не помалку битно прашање е колку тоа ќе ја чини државата, односно граѓаните.

Со оглед на реалните очекувања дека здравствената криза во која се наоѓаме не само ние, туку целиот свет и тоа како ќе нѐ вовлече во уште подлабока економска криза, прашањата за трошоците околу изборите, кога тогаш, ќе дојдат на дневен ред.

Три дена по ред Државната изборна комисија држи јавни седници за утврдување на кандидатски листи, утврдување на одлуката дека нема доволна бројка за гласање на дијаспората, како и влечење ждрепката за редните броеви на кандидатските листи во гласачкото ливче.

Односно, ДИК се однесува доследно на Роковникот за спроведување на изборите, како што велат, до официјална одлука донесена од Владата, која функционира во услови на вонредна состојба во државата.

Во разговор со претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, ставот на ДИК останува непроменет – нивната работа продолжува до добивање на официјална одлука дека изборите се одложени. Дури тогаш ДИК ќе може да постапува според одредбите што ќе ги донесе Владата, најверојатно во договор со политичките партии, учесници на изборите.

Деркоски потенцираше дека улогата на ДИК е да спроведува избори, а не да одлучува по сопствено убедување како тие би се уредиле, кога би се закажале и како би се спровеле.

Односно, прашањата на кои не добивме одговор од ДИК, а за кои беше укажано дека прерано ги поставуваме беа: Како и на кој начин би се уредиле изборите и какви импликации би имало тоа по буџетот што веќе е одреден за ДИК, што со платеното политичко рекламирање и сите активности преземени во врска со тоа, колку средства чинат изборите до овој момент…

Суштински прашања се и: Што ќе се случи со веќе донесените одлуки што се однесуваат на Избирачкиот список, неспроведување на гласањето на дијаспората, утврдените кандидатски листи и нивниот редослед на гласачкото ливче, дали ќе важи листата на избирачки места, дали ќе останат истите членови на Општинските изборни комисии, ќе важи ли регистарот на медиуми што можат да вршат платено политичко рекламирање, дали тој буџет ќе се пренамени, дали ДИК ќе продолжи со постапката за спроведување на парламентарни избори онаму кај што застанала или целиот процес ќе почне одново. Одлуката од Владата да се запре со работата на изборите, нема да значи многу. Овие прашања мора да се одговорат јасно, прецизно и транспарентно.

И тука, всушност, се враќаме на почетокот: Колку ќе ја чини државата, односно граѓаните доколку се донесе одлука целиот процес да почне одново. Дијаспората, ако никој друг, сигурно ќе се побуни и ќе бара поништување на веќе донесената одлука и рок за повторно пријавување на граѓаните што се со престој во странство.

Дека ДИК не е надлежна за ништо, освен да спроведува избори според законските мерки пропишани и одлучени од други субјекти, обично оние што најмногу имаат шанси да профитираат или изгубат на истите, укажува и денешната изјава на Деркоски, дека ДИК се надева Владата во текот на денешниот ден ќе донесе одлука како понатаму ќе се постапува, а ДИК ќе се однесува согласно со новодонесените одлуки, со оглед на условите и вонредната состојба што ги наметнува пандемијата.

И ако веќе ДИК е ненадлежна, тогаш прашањата остануваат отворени и упатени до Владата и политичките партии. Се разбира, со надеж дека нивните одлуки ќе бидат во интерес на граѓаните и нивното гласачко право, но и во насока на тоа да нема дополнително оптоварување на државниот буџет, кој и така ќе биде дополнително исцеден со очекуваната економска криза.

На пример, ако пандемијата со Ковид -19 наметна потреба од онлајн кампања, зошто таа да не остане пракса и понатаму?

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ