• Latest

19 март, Вонредна состојба, ден 1: Преговори со ЕУ на 24 март, 6 новозаболени од корона вирус, ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче…

March 19, 2020

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

19 март, Вонредна состојба, ден 1: Преговори со ЕУ на 24 март, 6 новозаболени од корона вирус, ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче…

March 19, 2020 17:30
in ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Историска вест од Брисел – консензусот е постигнат, одлуката за преговори ја чекаме на 24 март

„Во исклучително сложени услови под кои функционираат институциите на ЕУ, под силен притисок на предизвиците во соочувањето со КОВИД-19, доцна синоќа, телото кое го сочинуваат претставниците на земјите – членки на ЕУ во Брисел, познато како КОРЕПЕР, го усогласија првиот консензус – заклучокот за почеток на преговорите со Република Северна Македонија”, изјави денеска Бујар Османи, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања.

Заклучоците ќе се најдат на следната седница на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), додаде Османи на прес конференцијата на која ги презентираше најновите актуелности поврзани со процесот на европски интеграции на земјата, како и за активностите на Владата во остварувањето на соработка со институциите на ЕУ во справувањето со епидемијата од КОВИД-19.

„Ова е важна вест, не само како потврда за нашиот успех, туку и важна вест во овие моменти кога и ние се соочуваме со предизвиците од епидемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19. Покрај заканата за јавното здравје, оваа епидемија претставува и огромен предизвик за одржување и на пристојна економска активност, и финансиската стабилност на земјата. А како земја кандидат за членство во ЕУ, и еве очигледно наскоро, како земја – преговарач, очекуваме да бидеме дел од пакетот мерки, активности и протоколи, кои во моментот се подготвуваат од страна на Европската Комисија”, истакна Османи, претставувајќи дел од мерките за соработка и помош од ЕУ, за кои Владата со писмо се обрати до Европската Комисија.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 1

Нови 6 лица позитивни на корона вирус се дијагностицирани денеска до 16 часот, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Меѓу нив е и четиригодишно девојче од Штип, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми. Досега се заболени вкупно 48 лица.

*

Вонредната состојба не значи замирање на животот. Правата и слободите на граѓаните не се ограничуваат по автоматизам. Се продолжува да функционира како вчера. Нема нови одлуки за рестрикции во движењето. Исклучок и натаму се општините Дебар и Центар Жупа, порача техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

„Како Влада ги преземаме сите мерки за превенција и за заштита на граѓаните. Одлуките се во насока колку што е можно помалку да и наштетат на економијата и стопанството, одржливост на компаниите и сочувување на работните места на граѓаните. Ве уверувам дека вонредната состојба ќе ја совладаме на најдобар можен начин, почитувајќи ги сите законски прописи за спречување на ширење на корона вирусот“, рече Спасовски, нагласувајќи дека секое непочитување на мерките ќе биде строго санкционирано.

*

Самото прогласување на вонредната состојба не значи автоматска промена или ограничување на човековите права или начинот на живот на граѓаните. Но, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на вонредна состојба доколку има потреба, појасни министерката за правда Рената Дескоска на прес-конференцијата во Владата по првата помината ниќ во вонредна состојба.

„Сепак, ограничувањето на слободите и правата во ниту еден случај не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба“, истакна Дескоска.

Различно, рече таа, е можноста која Владата ја доби со прогласувањето на вонредната состојба, а тоа е да носи уредби со законска сила.

*

„До вчера единствен дополнителен ангажман на војската беше во кризните региони Дебар и Центар Жупа каде што Армијата целосно ја презеде границата со Албанија, но по воведувањето на вонредна состојба претседателот потпиша одлука за ангажирање на Армијата како поддршка на другите институции, пред се на полицијата, и ние веќе од денеска развиваме сценарија за многу поинтензивно присуство на Армијата. Оперативните штабови веќе работат на планови ако треба да и се асистира на полицијата во вршење на редовните контроли“, истакна министерката за одбрана и член на владиниот Кризен штаб, Радмила Шекеринска.

*

Во депандансот Демир Капија, што се наоѓа во атарот на село Ергеле, во моментов се сместени 11 лица за кои е потребна изолација, согласно мерките за превенција и спречување на ширење на КОВИД-19, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

„Во објектот се обезбедени сите услови за престој на лицата, редовно се доставуваат средства за хигиена, оброците се дистрибуираат спакувани во индивидуални порции, а здравствена заштита е обезбедена од мобилни здравствени тимови. Дополнително, секојдневно се спроведува дезинфекција на објектот“, се нагласува во соопштението.

*

Досега се поднесени вкупно 24 кривични пријави против 29 лица кои ги прекршиле мерките за спречување на ширење на КОВИД-19, информираше МВР. Помал дел од нив по основ на членот 205 од КЗ на РСМ – „пренесување на заразна болест“, а повеќето по основ на член 206 – „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, како и три известувања до надлежно ОЈО а се однесуваат на член 206 од КЗ.

Меѓу пријавените е и неодамна разрешената директорка на Клиниката за кожни болести, која, откако била во Италија, цела недела одела на работа, а присуствувала и на симпозиум со повеќе од 100 други лекари. Откако развила симптоми на КОВИД-19, директорката се јавила на инфективната клиника, каде вирусот бил потврден, по што беа затворени скопската клиника и штипското одделение за кожни болести, а 193 лица беа пратени во карантин.

*

Нови шест милиони евра од денеска им се достапни на компаниите за бескаматни кредити за надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот и заштита на ликвидноста и работните места, а како интервентен сет на мерки на стопанството наскоро ќе му бидат достапни околу 100 милиони евра за таа намена, најави денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Подготвуваме сценарија за најлошото, а се надеваме и работиме за најдоброто. Вчера најавивме дека на компаниите им се веднаш достапни шест милиони евра за бескаматни кредити преку Македонската банка за обнова и развој, а од денеска ќе им бидат достапни уште шест милиони евра“, рече Ангеловска на денешната прес-конференција пред Министерството за економија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Стојановиќ: Единаесет години ме држеа во фиока

Во вториот дел од интервјуто со Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции при Министерството за правда разговараме за реформите во УИС и пробацијата. Стојановиќ зборуваше и за кумановскиот затвор во Кшање и пропустите што таму се направени уште на почетокот од неговото реализирање. Со директорот на УИС разговаравме и за соработката и поддршката на проекти од меѓународната заедница, како и за состојбата во претходните 11 години во време на режимот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Државната изборна комисија на денешната 65-та седница на јавна ждрепка го утврди редоследот на кандидатските листи на гласачкото ливче за избор на пратеници во Собранието.

Партиите на гласачкото ливче ќе ги носат следните редни броеви:

1 – Демократска партија на Албанците – ДПА, 2 – Политичка партија Демократи, 3 – СДСМ и Коалицијата Можеме, 4 – Левица, 5 – Алијанса за Албанците и Алтернатива, 6 – Глас за Македонија, 7 – Граѓанско демократска унија – ГДУ, 8 – Интегра, 9 – Демократската унија за интеграција – ДУИ, 10 – Социјалдемократската унија – СДУ, 11 – Никогаш Северна, само Македонија – Единствена Македонија, 12 – МОРО работничка партија, 13 – Народна партија на Ромите и 14 – ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за Обнова на Македонија

Од ДИК нагласија дека ова е нивна законска обврска и дека ќе работат се додека не биде одлучено поинаку. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски информираше дека поради прогласената вонредна состојба од претседателот на државата за справување со пандемијата на вирусот Ковид 19, Владата ќе треба да донесе одредени одлуки.

*

Има големи изгледи и позитивни сигнали од огромно мнозинство на земјите членки од ЕУ, меѓутоа дебатата не е до крај завршена. КОРЕПЕР не е тело што носи политички одлуки. Во моментов се уште се води дебата во ЕУ како да се одржи Советот за општи работи на 24, ова го изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на виртуелната он-лајн прес-конференцијата со германскиот државен министер за Европа Михаел Рот.

„Белгија ја „заклучи“ државата вчера и многу е тешко кој било од министрите на земјите членки да присуствуваат на Советот на 24 март во Брисел. Правниците расправаат дали е можно тоа да се изведе преку видео-врска и се надевам дека тука ќе се донесе правилна одлука. Мислам дека ЕУ ќе згреши многу ако прати сигнал дека е толку оптеретена со здравствената криза што не може ништо друго да прави. И ќе биде многу важно после волку многу работа и напор кога сме на чекор до тој зеднички успех, да се најде начин да се одржи 24 март за нас, за македонскиот народ“, рече Димитров.

„Во Советот на министрите разговаравме за тоа. Имам впечаток дека меѓу земјите членки голем број се согласни. Во овој момент не гледам дека некој ќе ја блокира новата методологија. Актуелната криза не прави креатаивни. Се залагаме тука во Берлин за тоа и он лајн можностите на дигиталузациата треба да ги искористи и Советот. Можам да се согласам со Димитров, токму во ова време треба ЕУ да покаже дека можеме да дејствуваме и да донесуваме одлуки, особено во однос на проширувањето“, рече Рот.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски во колумната „Смрт во купатило!“, пишува – Заради таа масовна психоза и притисокот врз здравствените системи, сите држави  прогласуваат вонредни и кризни состојби со вирусов. Впрочем, мислите дека е можно – вклучително и во Јапонија! – да се откажат Евровизија, Олимписките игри или изведбата на повеќемесечните репертоари од Бродвеј до МНТ, а и да дојде до недостаток на тоалет-хартија од глобални размери, заради опасната „епидемија“ на гинење по купатила?!

Џабир Дерала во анализата „Кремљ напаѓа!“ пишува: Почитување на мерките, сапун и средство за дезинфекција за превенција од корона вирусот, а малку трезвеност за превенција од дезинформациите – тоа е рецептот.

Мора да се описмениме. Се води една, ни малку наивна, војна. Тоа не е само локален партиски грч за „правда“ (читај: жед за власт и за неказнивост за криминалите). Палетата на таа хибридна закана е широка, почнувајќи од чисто пропагандни говори под плаштот на „нема да зборуваме за политика, важен е народот“, завршувајќи од гротескната „загриженост за пролетните реновирања“. Тоа леење крокодилски солзи за народот, колку и да се локални амбициите, јасно се гледа дека е помогнато од глобалното политичко, криминално и медиумско подземје што го води Путин.

Биљана Јордановска пишува за тоа „Колку одложувањето ќе ја чини државата и други суштински прашања за изборите, додавајќи: „Ако веќе ДИК е ненадлежна, тогаш прашањата остануваат отворени и упатени до Владата и политичките партии. Се разбира, со надеж дека нивните одлуки ќе бидат во интерес на граѓаните и нивното гласачко право, но и во насока на тоа да нема дополнително оптоварување на државниот буџет, кој и така ќе биде дополнително исцеден со очекуваната економска криза“.

Дехран Муратов

Во соработка со: Биљана Јордановска, Диана Тахири, Џабир Дерала, Сашо Орданоски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ