• Latest

Дезинформации за лекување на Ковид-19 со „чудесен руски лек“ и напиток „препорачан од лекари“

March 19, 2020
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дезинформации за лекување на Ковид-19 со „чудесен руски лек“ и напиток „препорачан од лекари“

Балканските сервиси за борба против дезинформациите и за проверка на фактите се интензивно зафатени со оповргнување на низа дезинформации поврзани со новиот корона вирус Ковид-19, кои лесно ги преминуваат границите, односно бргу се преведуваат од еден на друг балкански јазик и се пласираат на нова публика.

March 19, 2020 20:27
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Балканските сервиси за борба против дезинформациите и за проверка на фактите се интензивно зафатени со оповргнување на низа дезинформации поврзани со новиот корона вирус Ковид-19, кои лесно ги преминуваат границите, односно бргу се преведуваат од еден на друг балкански јазик и се пласираат на нова публика.

На српско-хрватско-босанското јазично подрачје, со зголемувањето на бројот на новооткриени случаи на Ковид-19, на социјалните мрежи и во онлајн-медиумите сѐ почесто се појавуваат лажни вести за чудесни лекови или лекарства што можат или да спречат да се развие болеста, ако се заразите, или лесно и бргу да ве излекуваат.

Со еден таков пример се зафати српскиот сервис за борба против лажните вести „FakeNews Tragač“ – станува збор за рускиот лек „Арбидол“ за кој во една Фејсбук-група биле изнесени тврдења дека во Русија се купува како лек и како профилактично средство. Во тврдењето се велело дека лекот е направен во 2019 година.

„FakeNews Tragač“ анализира и порачува дека ако навистина лекот бил ефикасен, секако и сите земји а и Светската здравствена организација, би го купувале и би го давале на населението, посебно ако се има предвид дека во Русија чини нешто малку повеќе од 100 македонски денари за кутија.

Дополнително, „Фејк Њус Трагач“ потсетува и на наводите од СЗО дека досега нема ниту едно докажано ефикасно и препорачано средство против новиот корона вирус.

„Арбидол“ всушност е заштитено име на генеричкиот лек „умифеновир“ кој е создаден уште во 1970-те години во Советскиот Сојуз, неговиот патент е истечен во 2007 година, а сега го произведуваат поголем број компании во Русија, Белорусија и Кина. Иако има некои клинички испитувања што покажуваат дека има дејство против грипот и некои други вирусни инфекции, и СЗО и американската Управа за храна и лекови не го ставиле на своите листи на лекови за лекување вирусни заболувања.

„Фејк Њус Трагач“ информира и дека „Арбидол“ во Русија се купува без лекарски рецепт, а популарноста му скокнала за 80% проценти откако по избивањето на епидемијата, фармацевтската компанија „Отисифарм“ почнала рекламна кампања во која наведувала дека е ефикасен против корона вирусот. Поради тоа, Федералната антимонополска управа на Русија почнала истрага и утврдила дека со кампањата е прекршен Законот за огласување, оти се рекламирани својства што производот ги нема.

Сличен пример на „чудесно лекарство“ откри и босанскиот сервис за борба против дезинформациите „Raskrinkavanje.ba“. Имено, голем број портали од БиХ, во изминатиов месец објавиле рецепт за напиток главно на овошна основа, за кој тврделе дека помага да не се заразите со новиот корона вирус.

Притоа, голем дел од нив насловите ги почнувале со: „Докторите апелираат да го зајакнете имунитетот…“

Како што утврдила новинарката на „Raskrinkavanje.ba“, истиот рецепт се објавувал и во изминатава деценија, но бил посочуван како „лекарство“ за други болести. Притоа, тврдењето за лекарски препораки е измислено, пишува во анализата, оти дефинитивно СЗО не го ставила напитокот на листата на своите препораки. / МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ