поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Додека Мицкоски на власта ѝ пружа рака („во нас имате пријател“), ДУИ прифаќа само „релевантни партии“, „ќе продолжи да се грижи за државата“, која долго време ја зароби, партизира и ограби.И додека се грижи зошто Заев не ја консултирал ВМРО за предлогот мерки на СДСМ во врска со надминување на кризата, воопшто не спомнува дали ќе продолжи, како до сега, со парите од буџетот да плаќа неколку илјади „администратори“ само за да гласаат за „релевантната“ партија, паралелно со државните органи да мобилизира 10.000 партиски активисти, иако е и самата на власт.