• Latest

(ВЕСТИ, 23:00) Вонредна состојба, ден 5: Нови рестриктивни мерки за помладите од 18 и над 67 години, отворен првиот од 14 пунктови за тестирање за Ковид-19, втора ноќ полициски час…

March 23, 2020
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го објави новиот кабинет со премиерот Себастијан Лекорну, додека притисокот околу буџетот се интензивира

October 13, 2025
Скриншот од видео на FOX news

Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(ВЕСТИ, 23:00) Вонредна состојба, ден 5: Нови рестриктивни мерки за помладите од 18 и над 67 години, отворен првиот од 14 пунктови за тестирање за Ковид-19, втора ноќ полициски час…

March 23, 2020 22:30
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

На 26-тата седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата.

Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Дополнително, Владата донесе одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.

Владата на вечерашната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21 часот и ќе трае до 12 часот наредниот ден.

Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март 2020 година.

*

Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење.

Дозволите се издаваат за вработените во органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства, а не можат да ги прилагодат според периодот на забраната за движење, како и за вработените во здравствените организации (вклучително и приватните) и општинските кризни штабови.

Општинските кризни штабови доставуваат податоци преку Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk.

Податоците потребно е да ги достават секој ден – најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работна седмица.

*

Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени за време и на полицискиот час, а работниците во време на забраната ќе се движат со посебни дозволи за вршење на сменска и ноќна работа. Оваа одлука беше донесена на координативниот кризен штаб на Владата на Република Северна Македонија.  При тоа е усвоена и содржината на дозволата и истата се задолжуваат да ја издаваат одговорните лица на компанијата. Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, работното место и смената во којашто е ангажиран работникот. За валидност на дозволата се пополнува и називот на компанијата во којашто лицето работи, а треба да го содржи и меморандумот на компанијата како и потпис и печат од одговорното лице во компанијата. Овој документ е потврда за движењето на работникот во услови на полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена.

*

Министерството за надворешни работи информира дека граѓаните кои ќе бидат вратени во земјава со чартер летови организирани од државата, ќе добијат обврска за плаќање на своите авионски карти.

*

Од вкупно 14 пунктови за тестирање за коронавирусот денеска се отвори првиот. Поради приватноста на пациентите, снимањето во поликлиниката „Јане Сандански“ во скопски Аеродром не беше дозволено. Во Сингелиќ ваков центар ќе се отвори утре, а во Чаир за 3 дена.

*

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одлучи да додели финансиска помош – донација за справување со последиците од коронавирусот (COVID-19), во вкупен износ од 105.000.000,00 (сто и пет милиони) денари.

Најголемиот дел од средствата или 103.000.000,00 денари се доделуваат на радиодифузерите и тоа: 73.000.000,00 денари на радиодифузерите (комерцијални и непрофитни) коишто во моментов вршат телевизиско или радио емитувањеи 30.000.00,00 денари се доделуваат на Јавниот радиодифузен сервис „Македонска радио телевизија“.

По 1.000.000,00 денари се доделуваат на Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, наменети за мерки и активности за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства и набавка на друга опрема и средства неопходни за извршување на активностите на Министерствата за превенција, спречување ширење и справување со последиците од коронавирусот.

*

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 372.594 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 16.313, а оздравеле 101.373 лица.

Во Република Северна Македонија до денеска се дијагностицирани 136 лица со корона вирус, 1 лице излечено, а 2 лица починаа.

*

Вечерва е втора ноќ од стапување на сила на полицискиот час од 21 до 5 часот наутро, како мерка за справување со Ковид – 19.

Со полицискиот час не се опфатени припадниците на МВР, АРМ, противпожарните екипи и лицата од комунална хигиена кои работат во смени, а за медицинските лица ќе бидат обезбедени специјални легитимации.

Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, лицата кои се во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа. Тие ќе може да бидат придружувани од најмногу две лица. Ако поради итноста на здравствената состојба возилото биде запрено од полициска придружба, дополнително ќе се евидентира и провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравстевната инстуиција преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед.

За време на полицискиот час се ограничи и бројот на дежурни аптеки во градовите. Во аптека може да одат само лица кои имаат потврда дека претходно биле на лекарски преглед. Се ограничи и бројот на такси возила. Тие ќе може да превезуваат патници само кон болнички установи или аптеки. Таксистите притоа, ќе мора да имаат заштитна опрема – маска и ракавици.

За време на полицискиот час е забрането движење и на возила од јавен превоз. Дежурни екипи на ЕВН, Водовод и канализација, Телекомуникации служби и Топлификација, смеат да се движат само по претходна најава на 192 (МВР).

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ