Германската влада одлучи да го продолжи мораториумот на извоз на оружје во Саудиска Арабија за период од девет месеци и ќе продолжи до крајот на годината.
„Начелно, нема да биде одобрена било каква нова порачка за Саудиска Арабија до 31 декември“, изјави владин портпарол во понеделникот, 23 март. Многу е веројатно и оружјето за кое веќе има дозвола за извоз да биде вклучено во оваа одлука.
Владата, предводена од канцеларката Ангела Меркел, вклучи клаузула во однос на стопирање на извоз на оружје до земји кои директно учествуваат во војната во Јемен.
Битно е да се напомене и тоа што веќе во ноември 2018 година, Германија воведе сeопфатна забрана на извоз на оружје во Саудиска Арабија, повеќе од еден месец по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на неговата земја во Истанбул, а владата ја продолжи оваа мерка двапати минатата година.