Поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Кои се тие слични кризни ситуации што се случиле и Груевски не ги намалил платите, освен тој самиот, никој друг не знае.
*
И тие што десет години верно му служеа на Груевски и ја донесоа државата “во многу тешка кризна ситуација”(Прибе), наместо да се чивствуваат виновни, се фалат дека “остваривме огромна победа-добивме нешто што не можевме да добиеме 15 години”.
*
Како што некогашните директори на МАЃАР ТЕЛЕКОМ на македонските политичари им давале милионски суми мито, ред е сега, сегашните да даваат неколку милиони како помош на засегнатите од пандемијата.
*
Заслужни за членството на Македонија во НАТО и ЕУ, во прв ред, се Заев и Ципрас. Молчете вие што 10 години на Груевски верно му служевте тоа да го спречи.
*
НАТО не го доведе некој „трпеливо и тивко“. НАТО го доведоа тие што ноќта на 27 април 2017 година се раскрварија и не се сокрија никаде.
*
Не чувме никој од ДУИ, овие денови да ги спомне улогата, храброста, жртвата и готовноста на Зоран Заев, после скоро 30 години, да го реши спорот со Грција и Бугарија, со што се исполнија условите за прием на Македонија во НАТО.