Министерот за здравство Венко Филипче рече дека на Инфективната клиника се во моментов 54 лица, односно исполнет е 50 посто од капацитет.
„На Инфективно се 54 пациенти, четири се во критична состојба, 20 имаат потреба од помош на дишење со маска, додека останатите се без поддршка за дишењето“, рече Филипче на денешната прес-конференција.
Филипче истакна дека мобилната болница ќе биде целосно во функција до крајот на неделата, но се уште нема потреба од користење на нејзините капацитети.
-На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 54 пациенти. Четворица се критични, а 20 имаат потреба од кислородна маска. Се поставуваат креветите во мобилната болница, завршено е греењето и ладење. До крајот на неделата целосно ќе биде во функција, но се уште нема потреба од тие капацитети. Капацитетот на Клиниката е 50 посто исполнет, рече Филипче.