• Latest

Со поддршка на МНР досега вратени 2.020 македонски државјани од странство

April 1, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со поддршка на МНР досега вратени 2.020 македонски државјани од странство

April 1, 2020 10:26
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со интервенција на Министерството за надворешни работи, по воздушен и по копнен пат, досега од странство во земјава се вратени 2.020 македонски државјани. Со чартер летовите, организирани од страна на Министерството вратени се 1.275 граѓани. Досега, помош од МНР побарале 5.228 лица, а од нив 2.890 се согласиле да бидат минимум 15 дена во задолжителен државен карантин и да ја платат цената на билетот, информира министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Значи ние имавме два повика со цел да им помогнеме на нашите грѓани кои се затекнаа во странство во услови кога комуникациите, границите, аеродромите и редовните летови се затворија, да се вратат. Имавме еден повик со рок до 22 март да се пријават, дали преку дежурниот тим на МНР, дали преку дипломатско-конзуларните претставништва. Вкупно помош побараа 5.228 граѓани, од кои 2.890 се согласија да бидат минимум 15 дена во задолжителен државен карантин и да ја платат цената на билетот. Ние организиравме повеќе чартер летови. Досега на овој начин вратени во земјата се 1275 граѓани, веќе имавме три лета за Германија, ќе имаме уште еден лет да ги преземе останатите граѓани, изјави Димитров  телевизијаАлсат-М

На прашањето дали се уште има граѓани кои сакаат да се вратат во Северна Македонија, министерот одговори дека уште се обидуваат да им помогнат во враќањето на првата група на граѓани.

– Ние сега се обидуваме да ја завршиме првата група на граѓани, таа почетната. Пред се околу 93 проценти беа на нашиот континент, во Европа и затоа тука сме пред се концентрирани. Имаме и луѓе кои се на други континенти, меѓутоа нив им помагаме во соработка со други држави, рече Димиторв, посочувајќи дека дел од нашите државјани во Јужна Америка се вратени во Европа со помош на Австрија и Португалија.

Во врска со тоа дали нашите Амбасади имаат капацитет да се справат со ситуацијата, тој нагласи дека дипломатските претставништва се под голем притисок, бидејќи немаат голем персонал.

– Имаме претставништва со двајца-тројца вработени. Тоа се луѓе коишто не се обучени да ја работат работата што вообичаено ја работат туристичките агенции. Луѓето даваат се од себе да излезат во пресрет, е има и грешки, меѓутоа ќе дадеме се од себе да им помогнеме на сите граѓани да им дадеме помош. Цел свет е во вонредна ситуација. Дури и амбасадите на држави со многу поголем персонал се соочуваат со слични предизвици, истакна министерот.

Во однос на критиките од опзицијата за наводното „перење пари“ преку чартер летовите, Димитров рече дека некој си игра политика во момент на вонредна состојба, оквалификувајќи го тоа како несериозно.

– Мислам и јас имав едно искуство со прес-конференција на опозицијата каде што тврдеа дека МНР од 17 до 20 март потрошило извесна сума за службени патувања. Јас лично не патувам. Последниот дипломат од МНР патувал на 3 март годинава. Беше прикажано како да биле потрошени тие пари од 17 до 20 март. Слична е и оваа теза. За набавката на чартер летовите надлежен е Генералниот секретаријат на Владата, не го прави тоа МНР. Ние сме во тек со процесот. Се работи со авиокомпанијата која што ќе понуди најниска цена и таа сума се дели со бројот на луѓето што патуваат, а нивните уплати одат на приходната сметка на ГС при Владата. Значи, нема контакт, се е многу едноставно и бројките се јасни, така што мислам дека да се игра политика во момент на вонредна состојба и тоа на ваков начин во најмала рака е несериозно, потенцираше Димитров.

Шефот на дипломатијата нагласи дека државата сака да им помогнеме на сите македонски државјани што се во странство, но оти мора да се има предвид дека ограничувачки фактор претставува капацитетот за државен карантин.

– Тоа мора да биде направено на начин што нема да го загрози здравствениот систем дома и во смисла на капацитет и во смисла на ризик. Тие два интереси диктираат со какво темпо ќе се спроведува оваа операција, додаде Димитров.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ