• Latest

Препораки за постапување и третман на лица со попреченост во времето на пандемија Ковид-19

April 1, 2020
Фото: UATV English/ Фејасбук

Данската премиерка: Путин води војна со поддршка од Иран, Северна Кореја и Кина

September 3, 2025

24 ЧАСА: Реџепи го блокира надзорот на АНБ и АР; Бугарија се жали во Брисел; воената парада во Кина за Трамп е заговор против САД; Јаневска контра Мицкоски

September 3, 2025
Илустрација ВИ

Рекорден број независни кандидати, но недоволно за 7 до 8 метри гласачки ливчиња

September 3, 2025

Локални избори 2025: Избирачкиот список на увид до 11 септември, ДИК надлежна за заштита на податоците од злоупотреби

September 3, 2025
Георг Георгиев, МНР, Бугарија(Фотографија: Wikipedia)

Бугарија се жали во Брисел дека Северна Македонија не ги исполнува преземените обврски

September 3, 2025

Реџепи го блокира надзорот на АНБ и АР бидејќи не му даваат безбедносен сертификат

September 3, 2025
Фото: СДСМ

Мицкоски зборува едно – Христовски го демантира, СДСМ бара итна декласификација за случајот со АНБ

September 3, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ бара меѓупартиски консензус за процесот на интеграции во Албанија; Рама разреши тројца заменици министри; Целосната конституција на косовското собрание бара политички договор

September 3, 2025
Фото: Фејсбук

За Мицкоски се исчисти цел паркинг-Аеродромци се најдоа навредени од ваквата ажурност на општината

September 3, 2025

Сиљановска-Давкова: По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии, е апсурдно

September 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Препораки за постапување и третман на лица со попреченост во времето на пандемија Ковид-19

April 1, 2020 15:55
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поттикнати од непостоечкото, односно недоволното адресирање во препораките и мерките на надлежните институции во земјава на групата на социјално ранливата група – лицата со попречености, Здружението за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост „ИКУАЛИТИ“ (EQUALITY) и Центарот за поддршка на лица со попреченост „ПРКОС“ подготвија листа на препораки и совети.

– Да не се стигматизираат лицата со попреченост, како една од најранливите групи на граѓани, со цел да се избегне можност од неправеден третман, поточно третирање на лицата со попречености како граѓани од втор ред или стигматизирани како пренесувачи на заразни инфекции, наведоа од здруженијата.

Упатија препораки до приватниот и државниот сектор неодложно да се придржуваат кон препораките за ослободување од работни обврски на сите лица со попреченост, не само на оние со хронични болести, соодветно и согласно нивната здравствена состојба.

– Неодложно и навремено исплаќање на одобрените средства во рамки на социјалните мерки на надлежните институции, како и разгледување на можноста за зголемување на пооделни ставки или носење на нови мерки за најранливите општествени групи. Овие средства за значаен процент се единствениот извор за опстанок со кои покриваат основни трошоци за медицински терапии и нега и хигиена, истакнуваат од „ИКУАЛИТИ“ и „ПРКОС“.

Ги повикаа сите единици на локалната самоуправа и Црвениот крст, но и локалните здруженија, кои поседуваат соодветни ресурси да се вклучат во иницијативата на Црвен Крст од Скопје и поедините скопски општини, со цел да им се помогне во купување на намирници за исхрана и обезбедување медицински терапии.

– Здравствените институции кои се надлежни за општо здравје да изнајдат начин да остварат поблизок контакт со лицата со попреченост, а со цел непречена грижа за нивното здравје и психолошка состојба. Центрите за јавно здравје и Јавните здравствени установи да одобрат директен контакт со одговорно лице за итни случаи за лица со попреченост, апелираат „ИКУАЛИТИ“ и „ПРКОС“.
Истакнаа дека ги охрабруваат сите институции и приватниот сектор да иницираат линија за контакт со лицата со попреченост, како би придонеле да не бидат запоставени нивните потреби, а како директна последица од мерките и пред и се поради ограничувањето на едно од основните права, правото за слободно движење. Нешто што препорачуваме, како што наведоа, да стане стандардна пракса и по завршување на состојбата.

– Се препорачува на медиумите, надлежните институции, органи, приватниот и јавниот, како и невладиниот сектор да се придржуваат до следните насоки и препораки на Светската здравствена организација: https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/technical-guidance. Да практикуваат избалансирана и суштествена комуникација со цел избегнување поттикнување сериозни здравствени последици кај населението од ранливите категории граѓани, нагласија од Здружението и од Центарот.

Доколку, како што посочија, лицата со попреченост се цел на злоупотреба од било која природа, или се соочат со непочитување на нивните права, тие или оној кој посведочил таков вид на пракса мора неодложно да се обратат на надлежните органи или пак организациите за заштита на правата на лицата со поречност во нивната средина на живеење.

– Следењето на овие препораки ќе помогне во управување со процесите за информирање, соодветна и навремена реакција, но пред и се превенција на нарушување на здравствената состојба кај лицата од социјално ранливите групи граѓани, кои се изложени на секојдневни предизвици кои директно влијаат врз нивното општо здравје и состојба, соопштија од Здружението.

Апелираа до лицата со попреченост да се придржуваат кон препораките на Владата, да бидат претпазливи за своето здравје и да останат спокојни за времетраењето на времената вонредна состојба, да побараат помош од своите најблиски или својата околина, да ги користат сите соодветни канали за комуникација со надлежните државни, локални и здравствени институции секогаш кога тоа им е потребно, а се со цел да се одржи високо ниво на свесност за грижата за сопственото здравје, можните ризици од негово нарушување, како и со цел постапување во случаи кога ќе се најдат во загрозувачка состојба.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ