• Latest

Шекеринска: Армиските мобилни контроли водат сметка да ни е сигурна државната граница

April 3, 2020

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Армиските мобилни контроли водат сметка да ни е сигурна државната граница

April 3, 2020 15:41
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ја посети кумановската касарна „Боро Менков“, а потоа и граничниот премин Белановце.

При средбата со припадниците на Армијата, таа рече дека тука е за да им изрази поддршка и благодарност на припадниците на Армијата кои во овој период на вонредна состојба целосно ја преземаа контролата на државната граница од МВР и на граничните премини им се поддршка на полициските службеници.

Според министерката, со ова се дава можност на полицијата многу повеќе да се сконцентрира на спроведување на мерките за претпазливост и сигурноста во вонредната состојба предизвикана од корона вирусот.

Таа им се заблагодари им го честиташе ангажманот истакнувајќи дека најголемиот дел од нив се на смени коишто се на 12 или 14 часа и додаде дека некои од нив тие што се во Дебар и Центар Жупа, се повеќе од две недели одвоени од своите семејства и се фокусирани исклучиво на нивната армиска задача и тоа покажува дека навистина Армијата во овие вонердни околности функционира ефикасно.

-Вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО Алијансата покажа дека сите армии на НАТО земјите членки и Алијансата веќе се постројуваат да функционираат во вакви околности и НАТО под раководство на еден од своите команданти ќе има бројни операции во поддршка на сојузниците на членките на Алијансата  и ние како држава веќе почнавме да го користиме инструментот  на поддршка на цивилни кризи од страна на Алијансата. Очекуваме и многу зголемена соработка со армиите и центарот на НАТО алијансата. Разговорите што ги имаме со моите колеги од Гемранија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора сите ги споредивме искуствата коишто ги имаме добиено. Членството во НАТО ни даде шанса да ги искористиме сите овие инструменти, но ни даде шанса заедно со другите армии  и одбранбени системи да обезбедиме повеќе инструменти за заштита на здравјето и сигурноста на нашите граѓани, изјави Шекеринска.

На заедничкиот премин помеѓу РСМ и Косово кој е дел од поддршката  на ЕУ  може да се види што значи да се биде дел од развиениот свет, можност да се има подобра гранична контрола подобри услови на полициските, а сега на армиските припадници што и дава шанса на полицијата и на Армијата навистина да соработуваат на квалитетен начин.

-Додека ние сме тука на граничниот премин армиските мобилни контроли оперираат во целиот овој регион и водат сметка првин да ни е сигурна државната граница да имаме контрола на секоја педа  од нашата територија и најважно од се да не се дозволи во услови на една вонредна состојба некоја друга кризна состојба како што беше со мигрантите да не изненади во најлош момент, изјави Шекеринска изразувјаќи благодарност до припандиците на Армијата што секогаш во добри и лоши моменти се на располагање.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ