поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Заслуга за членството на Македонија во НАТО и ЕУ имаат, пред сѐ, Заев и Ципрас. Затворете уста вие кои 10 години го помагавте Груевски што повеќе да ја оддалечи од западот. Вие, кои во 2014 година побаравте предвремени избори за наводно Македонија во септември да биде примена во НАТО и, доколку тоа не се случи, ќе излезете од Владата на Груевски.
Инаку, за секого беше јасно дека со изборите, единствена цел беше да се реизбере Иванов. Што се случи во Македонија годините што следеа, не знаат само тие што не го прочитале Извештајот на Прибе, не ги слушнале „бомбите“, не знаат за Пржино, кој ја зароби државата и го освои судството, кој се бавеше со криминал и корупција, кој ноќта на 27 април 2017 година крвареше, кого како безживотен го влечеа по под, и кој беше милуван или се сокри некаде. Се надеваат и се тешат себе си некои дека сето ова, со тек на време ќе се заборави или „ќе се стопи како утринска слана“.