• Latest

Филипче: Еден починат, нови 72 заболени, и болницата „8-ми Септември“ ќе прима болни од Ковид-19

April 5, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче: Еден починат, нови 72 заболени, и болницата „8-ми Септември“ ќе прима болни од Ковид-19

Од вкупно 555 заболени од коронавирусот во државава, 52 се здравствени работници, односно (9,5 проценти).

April 5, 2020 16:53
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот заздравство, Венко Филипче изјави дека едено лице почина, а 72 се заболени, со што вкупниот број на заболени се искачи на 555 лица.

Од вкупно 555 заболени од коронавирусот во државава, 52 се здравствени работници, односно (9,5 проценти). Заболени здравствени работници за жал има и во многу земји во светот. Тие се во непосреден контакт со пациентите. Од нив 34 се заболени во болнички, односно во амбулантски услови, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Со оглед на тоа што некаде има заболени и лекари, тука е компромитирана работата, рече Филипче и како пример го посочи Инфективното одделение во Куманово, каде во функција се двајца други интернисти од Скопје и од Штип кои ја организираат работата на одделението.

Тој им порача на здравствените работници максимално да ги почитуваат протоколите кои ги има од самиот почеток на пандемијата, да се штитат во и надвор од работните места, затоа што нивната улога, нивното здравје е од примарно значење во овој момент во државата.

– Здравјето на нацијата и многу животи зависат од здравствените работници. Така ќе превенираме епидемија од поголеми размени, така ќе останат здрави тие што се здрави, ќе се бориме против вирусот и ќе ги излечиме сите кои се заболени, потенцира Филипче.

Осврнувајќи се на денешните податоци, информира дека на Клиниката за инфективни болести почина 63-годишен маж од струшкото село Лабуништа донесен со тешка клиничка слика, бројни коморбидитети, како и уште едно лице од Куманово во ГОБ „8 Септември“, потврден за позитивен на коронавирусот на 1 април. Од Клиниката по два контролни теста, појасни, денеска заминуваат дома тројца пациенти во добра општа состојба, а дополнителни тестови се чекаат за четворица пациенти кои доколку се негативни по втор пат утре ќе бидат пуштени дома.

– Во изминатите 24 часа се регистрирани 72 нови случаи со коронавирус во земјава и тоа во Скопје – 14, Куманово – 21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 555 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 235, Куманово – 114, Дебар – 49, Штип – 19, Прилеп – 33, Тетово – 29, Струга – 24, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 2, Радовиш – 3, Крушево – 2 и Кочани – 14, рече Филипче.

На Инфективната клиника во овој момент, истакна министерот, се хоспитализирани 74 пациенти, 15 се со тешка манифестација на болеста, а другите се со средно тешка состојба и се во добра општа кондиција.

Посочи дека на интензивните состаноци во текот на вчерашниот и денешниот ден било дискутирано и почнала имплементација на стратегиите за вклучување и на другите капацитети за третман на пациенти.

– На Клиниката за инфективни болести, покрај тоа што има слободни кревети на одделение во самата зграда, веќе во функција ќе се стави мобилната болница која е целосно инсталирана. Недостига уште сувата врска со Клинкиката. Доводот на воздух, греење и ладење е поставено од Армијата. Во однос на пристапот за третман на пациентите нашиот став останува ист, а тоа се заклучи на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести, пациентите кои имаат лесна форма на болеста се третираат во домашни услови, а средно тешки и тешките случаи на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче.

Од вчера, потенцира, во функција е ставена и ГОБ „8 Септември“, која досега беше наменета за пациенти кои беа суспектни или позитивни на коронавирусот, а им беше потребна друга здравствена услуга како хирушка интервенција, или во ангиографска или ендоскопска сала, тоа сега се уште останува така.

Но, доколку треба, како што појасни, ќе се користат и креветите на располагање под контрола на интернистите и инфектолозите за хоспитален третман, доколку е потребна помош на персоналот на Клиниката за инфективни болести, каде се на располагање 110 кревети, дополнителни 130 во мобилната болница, а во ГОБ „8 Септември“ вкупно 400 кревети.

– Целосно е активиран и механизмот на поддршка на колегите од страна на лекари и медицински сестри како од клиниките, така и од другите јавно здравствени установи ширум државата по систем на ротација да ги поддржат вработените во овие центри посветени само на третман на пациенти со коронавирусот. Целосно е подготвена болницата во Битола, каде има анестезиолози, инфектолози и медицински сестри и еден целосно и физички одделен дел да биде и регионален центар за пациентите кои доаѓаат од тој дел на земјата. Има и респираторни машини и места за интензивна нега. Вкупната бројка на кревети е 35 со можност да порасне до 100 во зависност од бројот на пациенти, рече Филипче.

Тој рече дека во рамките на Министерството за здравство е отворена посебна наменска сметка за донации и се пристигнати околу 500.000 евра кои ќе бидат наменети за набавка на опрема или материјали во врска со третманот на пациентите.

– Бројни донатори донираа опрема како респиратори, рендген апарати, бронхоскопи, маски итн., се што е потребно за третман на овие пациенти. Станува збор за милион парчиња заштитна опрема, како и потребните лекови кои соодветно после индикација се дават на пациентите. Со оглед на недостигот од медицинска опрема во светот, оваа недела ја повторуваме постапката за набавка на респираторни машини со што сега предност даваме на времето во кое би стигнале во нашата земја, додаде Филипче.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ