• Latest

Скопје „мириса“ на инциденти…

February 16, 2016

Нов притисок врз семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Скопје „мириса“ на инциденти…

February 16, 2016 14:14
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Политиката на која порано гледавме како нешто што само возрасните го прават, сега, за жал, е длабоко навлезена и во училишните дворови и во маалските друштва, и како да е неизбежна и во секојдневниот живот и на младите. 

Ермин Климента
Пишува: Ермин Климента

Секој што израснал во мултиетничка населба може да посведочи за настани кои најчесто придонесувале кон етничка тензија или тепачки. И секој, и самиот знае дека тоа се ретки и еруптивни настани, кои со тек на време, ги снемува и во тој период од раснењето и животот, најчесто се сведуваат на детски глупости… Бидејќи, како што раснат, децата се запознаваат, играат и интегрираат меѓусебно, со што ги негираат националистичките тенденции на некои од врхушките на власт кои го посакуваат тоа насилство и омразата од обете страни, за полесно да владеат, држејќи ги луѓето во страв, од „другите“ и „инаквите“…

Но, што со оние во „средината“? Што со Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, Србите…? Со оние кои не се директен дел на македонско-албанското покажување мускули? Или, што со сите нас, без оглед на националноста (значи, и оние меѓу Македонците и Албанците) кои не припаѓаат на поделените, на националистичките трла, во кои би сакале да не втурнат и затворат, дел од нашите владетели? Што со сите нас, „обичните смртници“?

Или, од друга страна, што пак, со оние, чии деца не се тие кои во секој предизборен циклус страдаат на автобуски станици, во училишни  дворови и во кафулиња…? Зашто, нивните деца одат „во пакет“ со шофери и со приватно обезбедување (додека „обичните“ студенти чекаа со децении за бесплатен автобуски превоз – Македонија беше уникатен пример во светот, прво им обезбеди бесплатен превоз на пензионерите како гласачка машина, па дури потоа, како нова, предизборна мерка, и на студентите…), и не се во директна опасност да бидат нападнати од некој нас’скан тинејџер, демек, бранител на националната кауза…

Навистина, што да се прави со оние кои со било какви средства се добрале до некоја функција, и не бираат начин да ја задржат позицијата која значи моќ во општеството? Овие вториве, лесно и без скрупули или грижа на совест, веднаш ќе ги жртвуваат, првите – „обичните“, за своите лукративни цели!

Токму затоа, додека деновиве се одбележуваат територии со споменици, и хистерично се реагира на Интернет на очебијните провокации на политичарите во заминување од сцената, се плашам дека повторно не очекуваат „местени“ тепачки на младите. Иако сакам да верувам дека веќе првиот следен пат, кога организаторите на ваквото лудило ќе се обидат да ги испровоцираат младите на меѓуетнички инциденти – ќе бидат поразени и ќе доживеат неуспех, сепак, кога ги гледам незадоволните, мрачни лица на комшиите, на нивните деца – не ми е сеедно.

Граѓаните на Македонија станаа циници за по дома, ама сепак, најчесто им прогледуваат низ прсти на партиите и политичарите кои одамна требаше да ги казнат. И го напластуваат незадоволствто. И го рефлектираат и дома, врз своите деца, кои се пак, не само поради возраста и адреналинот, незадоволни од сé што ги опкружува… А таквата состојба најчесто е идеална формула за ерупција на бес и омраза против… сé и сешто.

Моето сакано Скопје, повторно „мириса“ на испровоцирани меѓуетнички тепачки… Ајде, ние, нормалните, да не им дозволиме да нé закрват!

Tags: Ермин Климентаетнички групиинцидентинасилствоСКОПЈЕтепачкиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ