• Latest

На територија на цела држава граѓаните од 16 часот во продолжен викенд карантин

April 10, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

На територија на цела држава граѓаните од 16 часот во продолжен викенд карантин

April 10, 2020 08:32
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Забраната за движење на населението денеска почнува од 16 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот. Со ова почнува 61 часовен карантин за сите граѓани на територија на целата држава.

Согласно одлуката на Владата, а со цел спречување на ширење на коронавирусот, полицискиот час во текот на работните денови почнува од 16 до 5 часот, додека за време на викендите на граѓаните им е целосно забрането движењето.

Од забраната изземени се полицијата, армијата, здравствените работници, а исто така не важи и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи. Аптеките ќе работат непречено.

„Исклучоците важат за вработените лица во МВР, припадниците на Агенцијата за национална безбедност, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, противпожарните територијални единици, Царинската управа, земјоделските лица и фармери кои работат и се движат во атарот на руралните средини и оние кои одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности за одгледување на истите во овој период, млеко производителите, како и другите лица и институиции опфатени во исклучоците за овие мерки и забрани“, соопшти Владата.

Маркетите и викендов треба да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на државата и непречено да го организираат работниот процес. Штабовите треба да го организираат движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.

Забраната, како што истакна вчера министерот за здравство, Венко Филипче, ќе важи и за време на претстојните верски празници.

„Знам дека е тешко и доаѓаат и верски празници, но ова е период во кој мора сите со почитување на мерките да инвестираме во сопственото, но и во колективното јавно здравје. И за време на верските празници кои се пред нас, ќе важи целосна рестрикција во движењето“, изјави Филипче на вчерашната прес-конференција.

Смета дека за време на празниците, доколку е дозволено движењето, многу тешко ќе може да се контролира и токму затоа ставот е и тогаш да важат истите мерки како и за викенд.

Државата е во фаза кога воведените мерки се најстроги. Сепак, животот повторно ќе се врати во нормала кога за тоа ќе се создадат услови. Како што појасни министерот Филипче, се прават планови за оваа насока.

„Се подготвуваме за периодот за целосно враќање во нормала тогаш кога ќе бидат исполнети условите за тоа. Но, нема да може така лесно целокупниот работен процес и животот да се врати во нормала со истиот интензитет имајќи го предвид искуството на некои други земји, како и предвидувањата дека секогаш постои ризик за втор пик на дијагностицирани пациенти“, додаде Филипче.

Економските оператори, маркетите и рестораните ќе добијат насока како да го организираат работниот процес кога ќе се отстранат рестриктивните мерки и кога целокупниот процес ќе почне да се враќа во нормала.

„Следната недела ќе почне интензивна комуникација со претставници на стопанските комори, и ќе им се даде јасна насока на економските оператори, производствените капацитети и рестораните како треба нивниот работен процес да го организираат за тогаш кога ќе се одлучи дека е дојден моментот да се отстранат сите овие рестриктивни ригорозни мерки и целокупниот тој процес постепено да се врати во нормала“, појасни Филипче.

Сето ова, вели, ќе се работи во периодот додека траат рестриктивните мерки.

„Ова се сериозни мерки за рестрикција, меѓутоа крајната цел е да се заштити здравјето на граѓаните и  верувам дека сите се свесни за сериозноста на ситуацијата и дека секој гледано низ призма на својот професионален и личен капацитет треба да се заложи максимално до сите до кои што допира – граѓани или групи на граѓани, дека овие мерки мора да се почитуваат и сите да се придржуваат до нив“, порача  Филипче.

Министерството за внатрешни работи, пак, како што најави дополнителната министерка Славјанка Петровска е целосно подготвено да одговори на задачите за време на продолжениот викенд полициски час.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ