• Latest
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Вонредна состојба, ден 23: СЈО под лупата на ДКСК, Маричиќ за ЕУ перспективите, Заев и Мицкоски во самоизолација, нови 49 позитивни случаи на КОВИД-19…

April 10, 2020

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Вонредна состојба, ден 23: СЈО под лупата на ДКСК, Маричиќ за ЕУ перспективите, Заев и Мицкоски во самоизолација, нови 49 позитивни случаи на КОВИД-19…

April 10, 2020 17:03
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Државна комисија за спречување корупција и судир на интереси/ Фотографија Биљана Јордановска, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Антикорупциска поведе прекршочна постапка за десет поранешни специјални обвинители

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница одлучила да поведе прекршочна постапка за поранешните обвинители од СЈО, Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе, бидејќи, како што велат од Комисијата, континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно Законот за спречување на корупцијата.

Врз база на добиени сознанија од медиумите за значителен  прилив на странска и домашна помош (донации) за времетраењето на вонредната состојба како што и претходно информираше, ДКСК одлучила да преземе конкретни дејствија во насока на прибирање на релевантни информации за начинот на кој се користи доделената странска и домашна помош. Исто така, Државната комисија за спречување на корупцијата оформила и предмет по сопствена иницијатива за испитување на нерегистрирани средства за дезинфекција кои се нашле во употреба.

По денешната седница, ДКСК соопшти дека продолжува со „постапување по предмет оформен по пријава со наводни за сомневање за незаконски постапувања на Поглаварот на Исламската Верска Заедница“.

 ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Спасовски: Најважно е да се почитуваат мерките за да се сочува здравјето на секој поединец и заедница

„Ги повикувам граѓаните на Куманово, како и во другите градови на земјата, да прифатат дека сега е најважно да ги почитуваме мерките. Бидете уверени дека ако го правиме тоа, со секој нов ден се приближуваме поблиску до целта што си ја поставивме – да го запреме ширењето на вирусот и да го сочуваме здравјето на секој поединец и на заедницата“, истакна премиерот Оливер Спасовски.

ИНТЕРВЈУ: Маричиќ: Допрва ни претстојат битки, но правецот е вистински, вратите на ЕУ се отворени

ЦИВИЛ МЕДИА разговараше со Бојан Маричиќ, Национален координатор за интеграции во ЕУ, правен експерт, кој во владата доаѓа со големо искуство од граѓанското општество. Првиот дел од интервјуто со Маричиќ е со фокус на напредокот на Северна Македонија во процесот на интеграциите во ЕУ. Тој одговори на прашањата кои се итните задачи и дали е возможно нивно спроведување во услови на пандемија, а секако и на многу важното прашање за должината на тој процес.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 23

„Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, од денеска се во задолжителна домашна изолација, по информацијата дека еден новинар од ТВ медиум е позитивен на КОВИД-19, а истиот имал интервјуа со нив“, истакна  министерот за  здравство Венко Филипче.

Филипче додаде дека и двајцата лидери се тестирани за КОВИД-19, резултатот на Мицкоски е негативен, но тој ќе остане во задолжителна самоизолација во наредните 14 дена, а тестот на Заев ќе биде готов во текот на денов. Новинарот е во стабилна здравствена состојба и моментално е на лекување во болницата „8 септември“.

*

Во изминатите 24 часа направени се 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица, информираат денеска од Министерството за здравство.

Од новодијагностицираните по градови се: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2. Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани два претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството информираше во текот на вчерачниот ден, информираа од МЗ.

*

Забраната за движење на населението денеска почнува од 16 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот. Со ова почнува 61 часовен карантин за сите граѓани на територија на целата држава. Од забраната се изземени полицијата, армијата, здравствените работници, а исто така не важи и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи. Аптеките ќе работат непречено.

*

По сознанието дека во Истражниот затвор во Шутка почина еден притвореник кај кого постмортем е докажано присуство на корона вирус, во текот на вчерашниот ден во истражниот затвор се направени прегледи и земени брисеви од 30 притвореници, соопшти Министерството за здравство.

*

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Во рамките на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Евидентирани се 2 нови лица во самоизолација и извршени се 75 контроли врз овие лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

*

„Можеме да имаме сите таква опрема, но прашање е дали имаме обучен персонал? Тоа е мултидисциплинарна медицина, а суштината не е тоа. Мора да има тимови, не може да работите со само еден тим. Може да имаме и супер модерни болници, сепак ни недостига здравствен персонал, низ цела Македонија, не зборувам само за кај нас. Останува во иднина институциите и Владата да видат, лекарите да имаат многу поповолна позиција во однос на стимулациите, да им се даде што е можно поголема специјализација и да се прими здравствен персонал, без оглед дали се лекари или медицински сестри “, изјави Алириза Османи доктор на одделот за заразни болести во Општата болница во Куманово

ФЛЕШ ВЕСТИ

Владата на Република Северна Македонија категорично демантира дека е донесена Уредба со која финансиски ќе се помагаат МПЦ и ИВЗ, како што објавија некои медиуми, која како дезинформација се шири и на социјалните мрежи. Вистината е дека Владата на својата 38-ма седница донесе одлука за одобрување наменски средства на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, како и на Факултет за исламски науки – Скопје за реализирање на студиските програми на овие три институции за 2020 година.

*

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со која се ставаат во мирување сите рокови и отворени повици и за Националните и за ИПАРД 2 Програмата. Целта на донесувањето на Уредбата, е да се излезе во пресрет на сите корисници на финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во време на вонредна состојба во државата.

*

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во разговорот Пендаровски се заблагодари за јасната и отворена поддршка од претседателот на Европскиот совет Мишел за одлуката за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија, истакнувајќи дека со таквиот чин Унијата, во вонредни околности, потврдила дека местото на државите од Западниот Балкан е во заедничкото европско семејство.

*

Вкупно 203 од 235 стартап компании кои аплицираа на вториот јавен повик „Стартапувај 2“ на Фондот за иновации и технолошки развој и Светската банка ја поминаа фазата на административната проверка и преминуваат во претселекција. Фокус на овој инструмент се младите, а целта е поттикнување на истражувачките и развојните процеси за нови бизниси, со потенцијал за повисока додадена вредност.

*

Министерството за внатрешни работи ги известува своите вработени дека од денеска во функција се пуштени три телефонски линии на кои стручни лица – психолози вработени во министерството ќе им бидат на располагање за разговор и психолошка поддршка на полициските службеници и нивните семејства во полесно надминување на овие тешки времиња во справувањето со состојбата со корона вирусот . Телефонските броеви на кои ќе може да се јавуваат полициските службеници се следниве: 072/911-704, 072/911-705 и 072/911-706 и истите ќе бидат отворени од 09 до 21 часот во текот на денот, а по потреба и по завршување на овие часови.

*

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 24 април, откако денешното рочиште беше одложено поради состојбата со корона вирусот во Затворот Шутка. Случајот се наоѓа во фаза на дополнение на доказна постапка, а на денешното рочиште требало да се презентираат вештачења на ЈО.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Христијан Мицкоски постираше ваков статус до нацијата: „Чувствувам одговорност да споделам една кратка анализа и ќе оставам граѓаните да одговорат: Дали Заев и СДСМ намерно ја втурнаа македонската економија и граѓани во апокалиптично сценарио водени од лични и партиски интереси или е нешто друго во прашање?“ – повеќе во денешната колумна „Џисус Крајст Мицкоски “ на Сашо Орданоски.

Биљана Јордановска

во соработка со Ангела Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ