• Latest

Ковид -19: Македонија им бега на Шпанија и Италија

April 15, 2020
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковид -19: Македонија им бега на Шпанија и Италија

April 15, 2020 11:22
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Седмата недела од првиот регистриран пациент Македонија ја заврши со 14,5 новозаразени на неделно ниво на 100 000 жители. За споредба, Италија во седмата недела имаше 41,5 новозаразени на 100 000 жители, а Шпанија стигнува до речиси 30

Слични се трендовите и кај починатите по седмата недела, иако земјава беше пред Италија и Шпанија по петтата недела од првиот регистриран заразен

Терминот „заостанување“ вообичаено има негативна конотација. Редок исклучок кога може да има позитивен призвук се ситуациите во кои „водачите“ се на тоа место поради лоша причина.

Сакале тие или не, пандемијата предизвикана од ковид-19 ги стави државите од целиот свет во трка која никој не ја посакуваше. Секој ден се бројат, споредуваат и анализираат бројките на починати, заразени, оздравени, тестирани. Најдоброто сценарио на кое секоја држава може да се надева не е да помине без последици од коронавирусот, туку бројот на болни да го држи на ниво со кое здравствениот систем би можел да се справи.

Македонија ја „израмнува“ кривата

Ставот на македонските здравствени власти засега е едногласен – системот не е под притисок со актуелниот број болни од ковид-19. Но, проценките се дека врвот на заразата допрва доаѓа што, пак, е главен аргумент за рестрикциите во слободата на движење.

„360 степени“ во неколку наврати ги разгледуваше трендовите поврзани со коронавирусот низ подолги временски низи, а не само ден за ден. Графиконот подолу е производ на уште една таква анализа, која треба да одговори – дали земјава ја „израмнува“ кривата или следуваат слики какви што имаше во Италија и во Шпанија.

Земајќи го како „старт“ моментот кога првпат е регистриран случај на коронавирус во конкретната држава, Македонија ја ставивме во „трка“ со двете најпогодени европски земји, Италија и Шпанија. Прво, го броевме бројот на новозаболени лица од ковид-19 на неделно ниво на 100 000 жители.

Меѓу трите земји, практично, и нема разлика до крајот на третата недела од појавата на вирусот. Потоа, земјава (означена со црвена боја), поминува во „водство“. Во петтата недела по првиот случај, во Македонија се регистрирани 8,5 заразени на 100 000 жители, споредено со 5,1 во Италија и незначителен број случаи во Шпанија. Само две недели подоцна, земјава има 14,5 новозаразени неделно на 100 000 жители. Италија во шестата и особено во седмата недела доживува експлозија со 41,5 новозаразени на 100 000 жители за една недела, додека Шпанија стигнува до речиси 30. Со други зборови, бројките покажуваат дека земјава се движи по посакувано „контролирано“ сценарио, иако ќе бидат потребни уште две до три недели за трендот да биде потврден.

Дека „резултатот“ на Италија и на Шпанија не е само привремено отстапување, може да се види ако на низата се додаде и статистиката од следните две недели во тие земји. Македонија денеска ја заврши седмата недела од првиот позитивен пациент, па не може да се продолжи со споредбата.

Причината што земјава имаше повеќе регистрирани случаи во првите пет недели од Италија и од Шпанија, домашните власти ја објаснуваа со раното преземање на рестриктивни мерки. Македонија ги затвори училиштата точно две недели по откривањето на првиот пациент, додека Италија за истата мерка чекаше пет, а Шпанија речиси шест недели.

Бројот на новозаболени како репер за последиците од коронавирусот во една земја, сепак, има еден голем недостаток. Тоа е бројот на тестови. Односно, при помал број тестови очекувано е да има помал број регистрирани случаи и обратно. Земјава можеби тестира повеќе од своите соседи, но споредено со Италија и Шпанија тоа е далеку помалку.

Паралела на Италија и Шпанија би била 25 жртви дневно

Споредено со бројот на новозаболени, бројот на починати на 100 000 жители е поверодостоен показател, особено ако здравствениот систем прави и посмртни тестови на лица кои починале со симптоми на ковид-19, а не биле дијагностицирани претходно. Бидејќи земјава прави постмортем тестирања, повторно ги ставивме Македонија, Италија и Шпанија на иста патека, со иста стартна позиција – датумот на првиот регистриран случај на ковид-19 во земјата. Овој пат го споредувавме неделниот број на нови смртни случаи на 100 000 жители.

Од табелата подолу може да се види дека и овде, како и со новозаболените, земјава била „во предност“ заклучно со петтата недела. Веќе во шестата недела, Италија експлодира со 1,4 смртни случаи на 100 000 жители, а во седмата тој просек е 3,8. Шпанија, заклучно со шестата недела, има мал број регистрирани случаи, но со една недела задоцнување почнува да го следи италијанското сценарио со 1,5 починат на неделно ниво на 100 000 жители. За разлика од нив, Македонија бележи контролиран раст на бројот на починати, а последниве две недели бројот на починати е речиси идентичен – 0,8 починати неделно на 100 000 жители.

Додека споредбата на ситуациите во Македонија, Италија и Шпанија изгледа како да нема огромни разлики до седмата недела, јазот се појавува токму во следните две недели.Како што може да се види во табелата подолу, во деветтата недела од почетокот на заразата, Шпанија стигна до 12 починати неделно на 100 000 жители, а Италија до 9,1 на 100 000 жители.
Пресметано во македонски услови, според бројот на население, тоа се околу 170 до 200 смртни случаи неделно, односно секој ден да има од 24 до 28 смртни случаи.

Ниту актуелните бројки ниту „најцрните“ прогнози засега не предвидуваат ништо приближно во земјава. Министерот за здравство Венко Филипче најавуваше врвот на кризата да биде достигнат со 2 000 заболени, додека премиерот Оливер Спасовски оперираше со цифри до најмногу 2 500 заболени. Земјава во моментов има 908 регистрирани случаи, што значи и да стане двојно или тројно полошо, Македонија најверојатно нема да дојде ниту блиску до италијанското и шпанското сценарио.

извор: 360 степени

Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ