• Latest

Бил Гејтс со критики до Трамп: На светот му треба СЗО повеќе од кога и да е

April 15, 2020

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бил Гејтс со критики до Трамп: На светот му треба СЗО повеќе од кога и да е

April 15, 2020 12:07
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претприемач и коосновач на Мајкрософт Бил Гејтс денеска ја критикуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО), во услови на пандемија на новиот коронавирус.

Трамп одлучи да го запре финансирањето на СЗО, оценувајќи дека таа организација е виновна за ширењето на коронавирусот.

„Запирањето на финансирањето на СЗО е опасно. Нивната работа помага за запирање на ширењето на вирусот и во светот нема друга организација која би можела да ја преземе нејзината улога. На светот му треба СЗО повеќе од кога и да е“, напиша Гејтс на Твитер.

Трамп нареди да се прекине американското учество во финансирањето на СЗО бидејќи е незадоволен од работата на оваа организација во текот на пандемијата на коронавирусот. На прес конференција во Белата куќа тој синоќа оцени дека СЗО не ја исполнила својата основна должност и дека за тоа ќе мора да одговара.

Трамп ја обвини СЗО дека промовира „кинески дезинформации“ за коронавирусот, што, како што оцени, веројатно доведе до поголема епидемија на вирусот отколку што во спротивно ќе се случеше.

Претходно реагираше и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој го повика американскиот претседател Доналд Трамп да не го прекинува финансирањето на СЗО, истакнувајќи дека „сега не е време за тоа“.

-Сега е време за единство, за соработка во меѓународната заедница, време е за солидарна заедничка работа и борба против вирусот и последиците од пандемијата, апелира Гутереш.

Реакција стаса и од претседателката на Американското медицинско здружение Патрис Херис, која го повика Трамп да ја преиспита одлуката, оценувајќи ја како „опасен чекор во погрешен правец“.

Од Центарот за здравствена безбедност Џонс Хопкинс порачаа дека ваквиот потег испраќа погрешна порака среде пандемија.

– Пандемијата не е време за такви работи. Потегот испраќа погрешна порака среде пандемија. СЗО прави грешки, како што беше случај со одложувањето на реакцијата на епидемијата на ебола во 2013 и 2014 година во Западна Африка. Можеби ќе бидат потребни реформи, но само откако ќе пројде пандемијата, изјави д-р Амеш Адалја, експерт за заразни болести и научник.

Организацијата „Protect Our Care“ смета дека ова не е ништо друго освен обид на претседателот Трамп за свртување на вниманието на јавноста од неуспехот на неговата администрација во подготовката за пандемијата.

– Да бидеме јасни, Светската здравствена организација не е без грешки, но неразумно е да се намали финансирањето на врвот на глобална пандемија. Ваквиот чекор несомнено ќе доведе до тоа Американците да се чувствуваат помалку безбедни, оценуваат од таа организација.

САД се најголемиот донатор во СЗО. Минатата година оваа држава во СЗО дала повеќе од 400 милиони долари, што е околу 15 отсто од нејзиниот буџет, кој изнесува околу 4,5 милијарди долари.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ