Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, придружуван од вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска остварија средба со епидемиолозите и директорката на Општата болница во Куманово Снежана Захариева.
На средбата беше разговарано за моменталната состојба во болницата и беа разменети искуства за надминување на тековните проблеми.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче рече дека Куманово се издвојува со зголемен број дијагностицирани пациенти во последните неколку дена, но дека вработените во болницата се на висината на својата задача и врвно ги извршуваат своите обврски, иако има одреден дел и од здравствените работници.
„Денеска спроведовме тестирање кај 210 вработени со серолошки тестови. Резултатите до сега покажаа дека нема суспектни медицински лица и тие се во добра здравствена состојба. Со оваа стратегија на тестирање ќе продолжиме и понатаму и ќе ја применуваме на целата територија на државата прво меѓу здравствените работници, а потоа и меѓу граѓаните“, соопшти во изјавата министерот Филипче.












