• Latest

Кумановскиот кризен штаб бара издвојување на Куманово од општите мерки и прогласување карантин со посебни услови

April 15, 2020
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кумановскиот кризен штаб бара издвојување на Куманово од општите мерки и прогласување карантин со посебни услови

April 15, 2020 21:12
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово на денешната седница побара од Комисија за заразни болести и Владата да достави епидемиолошка проценка на состојбата со Ковид-19 на територија на кумановската општина и да се произнесе дали досегашните преземени мерки од страна на надлежните се доволни или е потребно носење дополнителни мерки, со оглед дека бројот на заразените е значително зголемен.

На седницата на Штабот, и која присуствува и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите за здравство и за образование Венко Филипче и Арбер Адеми и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, беше побарано од Владата да ја издвои Општина Куманово од рамките на општите мерки на Владата кои важат за државата, со дополнителна 14-дневна, 24 часовна изолација или како што потенцираат карантин во посебни услови, кој ќе важи од 21 април и ќе трае до 4 мај годинава, при што ќе се почитуваат донесените мерки од Владата и дополнителни дефинирани постапки во ваква состојба на штабот.

Меѓу посебните мерки кои треба да важат во вакви услови, се наведува во соопштението од седницата, се дозволи за лица ангажирани и во стопанството и институциите, пунткови за влез и излез, дезинфекција на возила, патници, транспорт на намирници, енергетски потреби за институциите кои се борат против епидемијата, доставана на храна за домаќинства, поголем број оператори кои ќе добијат дозволи. Во условите  е предвидено и да се операционализира одлуката на Владата за земјоделците и сточарите  за непречено вршење на активностите, да се зголеми човековиот потенцијал во здравствени установи во Куманово.

– Бараме од Комисијата за заразни болести писмено да се произнесе до ОШЗС дали да се продолжи со епидемиолошката мерка дезинфекција, со оглед на сугестиите од страна на професорот Жарко Караџовски дека таа во овој момент е беспредметна и непотребна активност превземена од страна на ОШЗС Куманово, се вели во соопштението на штабот.

Од штабот бараат да се одреди начин на фрлање на смет од домаќинства со позитивни случаи, да се обезбеди дополителна заштитна опрема  за граѓани, задолжително носење маски и ракавици за сите на отворено, МТСП активно да ја следи состојбатата кај социјално загорозените и лица со посебни потреби, да дели храна, деизнфекција и опрема.

– Воспоставување на континуиран медицински процес и процес на континуирана контрола на нови лица, бегалци влезени или фатени во процес на криумчарење, а се или ќе бидат предмет на сместување во ТПЦ Табановце – Куманово, нивна изолација или евентуален карантин се наведува во соопштението.

Оттаму бараат невалдините, хуманитарните организации, Црвен Ксрт да се координираат со штабот, да делат помош за најранливите категории.

Штабот доставува предлог протоколи за движење низ градот на  повеќе категории граѓани, вработени лица во стопански дејности, ЕЛС, државни институции да се движат со дозволи од МИОА, согласно работното време, одлуките на Владата. Оние кои имаат потреба од превоз, а не се возачи, бидејќи јавниот превоз не функционира нивните организации да подготват списоци на лица и возила, да ги достават до штабот, кој потоа ќе ги доставува до СВР Куманово.

Втора категорија во која се вклучени граѓаните кои имаат потреба од набавка на прехранбени производи, здравствена помош како и потреба предизвикана од други природи (смрт заради закоп, регулирање на итни и неодложни активности) да користат онлајн набавка, тимовите на штабот и Црвениот крст или само еден член да набавуваво точно утврдено време во најблисок дуќан на 200 метри од домот.

– Лицата кои не се придржуваат до мерката воопшто да не се услужуваат. Оваа мерка подразбира воведување на режимот на маалски полицаец со засилена контрола на службите (МВР-СВР и инспекциските органи). Постарите категории и ранливите категории на семејства ќе бидат опслужувани со најава на call center на ОШЗС или дирекно кон трговските дуќани или лично ним со соодветни нарачки, се наведува во соопштението.

Сите останати потреби на граѓаните ќе мора да бидат пријавени до штаботи по приоритети решавани во координација со другите служби и институции.  Што се однесува до земјоделците, сточари, пчелари, лица со попреченост, нивни придружувачи, да се операционализираат постоечки мерки, ќе се врши согласно досегашни препораки и одлуки на Владата во координација со штабот.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ