• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 28: Почина затвореник во Шутка, иста лажичка, наместо исти правила за сите, земјата лидер на Балканот во тестирање за КОВИД-19…

April 15, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 28: Почина затвореник во Шутка, иста лажичка, наместо исти правила за сите, земјата лидер на Балканот во тестирање за КОВИД-19…

April 15, 2020 23:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

СМРТ ВО ЗАТВОР Во притворот во Шутка почина момче на 23 годишна возраст во 14:30 часот. Еден час по настанот, ЦИВИЛ доби анонимна пријава за настанот. Директорот на КПУ Затвор – Скопје, Есад Рахиќ, во изјава за ЦИВИЛ Медиа ја потврди оваа информација: „Се работи за момче на 23 годишна возраст, кое е во притвор од декември минатата година“. Тој демантираше дека притвореникот бил во карантин изминатите неколку дена, а повеќе детали најави по истрагата која се спроведува во моментов, но и обдукцијата на починатото лице, кое било зависник од дроги и не покажувало знаци на КОВИД-19.

ПРИЧЕСТ Владата нема намера да ги затвори храмовите за време на велигденските празници, повикувајќи се на неприкосновеното право за религиско определување, но истовремено има намера да ги затвори граѓаните во своите домови воведувајќи полициски час кој ќе трае 85 часа, откако оние со право на вероисповед ќе ги посетат храмовите примајќи ја светата причест од една иста лажичка.

КАПАЦИТЕТИ Директорот на Градската општа болница, Христијан Костов во гостување во емисијата Топ тема на ТВ Телма рече дека е извршена реорганизација во болницата и дека капацитетот  се проширува согласно бројот на пациенти кои ќе се јават во Тријажниот центар,а кои доаѓаат од целата држава. „Почнавме со една третина, а сега околу 70  отсто од капацитетот на болницата е во служба на оваа болест“, изјави Костов.

НАТО Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска попладнево учествуваше на телеконференцискиот состанок на министрите за одбрана на НАТО земјите посветен на борбата против Ковид-19, на кој биле изнесени гледиштата и ставовите на земјите во поглед на ширењето на заразата и мерките за помош на цивилните власти во намалувањето на последиците од нејзиното ширење.

ЛИДЕР Со досега направените 10.000 тестирања на Ковид-19, земјава е лидер на Балканот. Пред нас е само Словенија, вели директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери. Во вечерашното гостување на Топ тема, Зибери истакна дека ќе биде потребна потемелна студија за да се докаже дали првиот случај на корона вирусот сме го имале уште во јануари, многу пред почетокот на пандемијата.

ДОЗВОЛИ Активистите за бездомни животни, кои се дел од регистирани здруженија, ќе добиваат дозвола два часа дневно во услови на ограничено движење за време на претстојниот продолжен викенд да можат да ги нахранат и да се грижат за бездомните животни, одлучи денеска Кризниот штаб, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

СЗО Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација за вирусот Ковид-19 Дејвид Набаро повика какви било обвинувања против организацијата да се остават на страна додека не се победи вирусот. Претходно американскиот претседател Доналд Трамп рече дека и наредил на својата администрација привремено да го прекине финансирањето на СЗО.

Маја Ивановска
во соработка со Ангела Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ