• Latest

16 април, вонредна состојба, ден 29: Уште 30 дена вонредна состојба, градоначалникот на Куманово позитивен на КОВИД-19, Спасовски, Филипче, Османи и Адеми во самоизолација

April 16, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

16 април, вонредна состојба, ден 29: Уште 30 дена вонредна состојба, градоначалникот на Куманово позитивен на КОВИД-19, Спасовски, Филипче, Османи и Адеми во самоизолација

April 16, 2020 17:12
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Пендаровски: Продолжува вонредната состојба уште 30 дена

Претседателот на државата Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата уште 30 дена, за справување со пандемијата на КОВИД-19.

– Постојната вонредна состојба завршува денеска, а поради истекот на рокот од 30 дена за кој беше утврдена, и нема да биде формално правно продолжена, бидејќи за тоа нема уставно-правен основ. Затоа јас денеска врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуацијата кога Собранието не работи ќе донесам нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација за период од 30 дена на целата теритоерија на државата. Но, ова решение не ја намалува подгооввроста на сите релевантни политички фактори во државата јасно и јавно да ги кажат своите ставови по ова прашање, затоа што на средината на мај ќе ги имаме истите правни дилеми пред себе, изјава претседателот Стево Пендаровскки во обраќањето по седницата на Советот.

Тој ги пренесе и реакциите на многу граѓани до него во однос на мерката за ограничување на движењето за време на празничниот продолжен викенд – практично целосна забрана на движењето за повеќе од 80 часа.

– Ние во моментов спаѓаме во групата на земји со најригидни мерки во оваа смисла во Европа. Не само мене, туку и на огромен број граѓани им е јасна логиката и оправданоста за донесување на оваа мерка, но најдрастичните мерки треба да се применуваат по исклучок и во некој разумен рок, рече Пендаровски, посочувајчи оти се повеќе од тоа ќе биде контрапродуктивно и, додека можеби ќе ги реши проблемите во здравството, ќе предизвика проблеми во некои други области.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Шекеринска: Армијата ќе зазеде поголемо учество во сите подрачја каде ќе има потреба

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која вчера на телеконференцискиот состанок на министри за одбрана на земјите на Алијансата посветен на кризата со КОВИД-19 првпат ја претставуваше земјата  како полноправна членка на НАТО, рече дека од искуството што го споделиле нејзините колеги речиси и да нема сојузничка армија која не ги извршува истите задачи како македонската. На состанокот биле презентирани искуства за справување со кризата, но од аспект на одбранбениот сектор и армиите, што според Шекеринска, било добро за да се направи споредба до каде сме ние, на кој начин реагираме, и на кој начин ја мобилизираме и ја ангажираме Армијата, а како тоа се прави во другите држави.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/2695087594111735/?t=6

 

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил информираше дека меѓу новите 40 позитивни лица во градот е и тој.

Покрај градоначалникот, кој е и командант на Кризниот штаб во Куманово, позитивни се и други девет члена на штабот, во кој има претставници на локални и државни институции. Дел од нив, веќе и самите споделија на социјалните мрежи дека се позитивни на коронавирус.

*

По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на КОВИД-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, од Владата преку соопштение информираат дека премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев, кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација.

Како што соопштија од владината Прес-служба, на состанокот во Куманово сите функционери во Владата ги почитувале протоколите за заштита и носеле заштитна опрема.

– Во овој момент се прават епидемиолошки проценки во Куманово од страна на локалниот Центар за јавно здравје и се анализираат контактите на градоначалникот Димитриевски. Во текот на денот ќе се утврди колку и кои лица ќе треба да останат во 14-дневна изолација. Во Скопје започнаа анкетите од Институтот за јавно здравје со сите членови во Владата кои беа присутни на состанокот, по што ќе биде дадена епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, се наведува во соопштението од Владата.

*

Владата ќе мора во следните 24 или 48 часа да размисли дали во Куамново ќе примени комплет или делови од моделот за затворање на општините Дебар и Центар Жупа со цел да се спречи поголемо ширење на вирусот, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на Советот за безбедност.

*

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 56 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи. Исто така, според статистичките податоци на МВР за изминатото деноноќие, на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.

*

Министерството за здравство соопшти дека Извештајот на Институтот за јавно здравје во врска со новодијагностицираните случаи со коронавирус во државава сè уште се подготвува и штом биде готов ќе биде доставен до медиумите.

Во моментов, посочуваат од Министерството, се работи на прилагодување на досегашниот формат на прес-конференциите од Владата преку Зум платформата од домот на министерот за здравство Венко Филипче, кој од денеска е во самоизолација, со цел веќе од утре да продолжи комуникацијата со медиумите и јавноста како и досега.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Од утре се воведува забрана за движење во шуми и шумско земјиште поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор. Забраната ќе важи од 06 до 20 часот, а ваквата одлука е донесена по барање на јавното претпријатие „Национални шуми“. Оние кои нема да ја почитуваат забраната и ќе бидат затекнати, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност

Забраната не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и за субјектите кои вршат шумскокултурни активности на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, како и за лицата кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“.

*

Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) преку соопштение повторно упатува апел и уште еднаш грижливо се обраќа до клирот и народот со повик во целост да се почитуваат препорачаните мерки и утврдените насоки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.

*

Здружението на новинарите (ЗНМ) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска информираа дека се обезбедени 150 пакети со заштитни средства за новинарите од околу 100 медиуми.

Секој од пакетите содржи заштитни маски, ракавици, наочари, средства за дезинфекција и други потребни средства. Дистрибуцијата почнува од денеска, а ќе се одвива во текот на наредните неколку дена.

*

Во рамките на Проектот ИПА 2017 Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан, денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доби ИТ опрема за дигитална форензика во вредност од 27.000 евра, информираат од Јавното обвинителство.

СЛОБОДНА ЗОНА

Јавната полемика околу тоа дали треба или не треба да има собирање по црквите за Велигден, а и уште повеќе, зошто, ако Црквата и верниците инсистираат да се собираат, барем не би се користело за секој верник ново лажиче за причест, ги покажува сите предизвици пред кои се исправени општествените вредности и норми – нормите се пропишани начини на однесување врз основа на постоечките вредности во заедницата – во „средбата“ помеѓу епидемијата и востановените не-епидемиски однесувања.

Навистина, „хигиенската“ дилема „за лажичето“ изгледа без врска, особено за најголемиот број неверници (во таа категорија има поголем број деноминациии, од атеисти и агностици, преку хуманисти и скептици, до пантеисти и деисти… ама за тоа во друга прилика): Пих, голема работа од кое лажиче човек ќе се причестува!, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Оливер и лажичето на МПЦ“.

Дехран Муратов

Во соработка со Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ