• Latest

Тетово бара од Владата построги мерки, помош за лекарите и финансиска помош за локалните претпријатија

April 16, 2020
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тетово бара од Владата построги мерки, помош за лекарите и финансиска помош за локалните претпријатија

April 16, 2020 18:29
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Тетово бара од владата повеќе мерки и ограничувања во однос на заштитата на граѓаните од Ковид-19. Најпрво општинскиот штаб бара од Владата целосен прекин на организираниот патнички превоз меѓу општините во полошкиот регион, што главно го вршат приватни превозници со автобуси и комбиња. “Мерката за ограничување и прекин на организираниот превоз на граѓани треба да се направи според примерот на општина Куманово. Ова ќе придонесе за минимизирање и спречување на акумулацијата на граѓани во поголеми групи кои кружат од една до друга општина, а со тоа ќе се минимизира ризикот од нови случаи на КОВИД19 во овие општини” побара Теута Арифи, градоначалничка на Тетово. Од Владата на Република Северна Македонија се бара модел за финансиска помош на вработените во ЈКП Тетово и Територијалната противпожарна единица, како и претставници од јавното претпријатие „Македонски шуми“ да излезат на терен за да се избегнат пожари на Шар Планина. “Имајќи го предвид фактот дека противпожарните екипи од Тетово немаат пристап до овие планински терени за да реагираат навремено во време на пандемија на Ковид-19, кога воедно се ангажирани со дезинфекција на патиштата и јавните површини. Двете институции работат со зголемен интензитет на терен и институционалните приходи за покривање на платите се значително намалени”, рече Арифи.

Според последните информации, како што информираше Кризниот штаб, во тетовско има шест новозаболени од Ковид-19, со што вкупната бројката достигна 49 луѓе. Од вкупната бројка 20 се граѓаните на општина Тетово, останатите случаи се од другите населени места. Во општина Тетово вкупно се направени 400 тестови на граѓани кои ги исполниле условите за тестирање според епидемиолошката анкета Министерството за здравство. До Владата и Министерството за здравство, Кризниот штаб оставил барање на сите матични лекари на територијата на општина Тетово да им се обезбедат доволни количини на ракавици, маски и средства за дезинфекција. Во насока на превенција од коронавирусот и денес немаше пазарен ден во Тетово, при што беа затворени за работа сите отворени и затворени пазари на територијата на општината.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ