• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 29: 107 новозаболени, 23 излечени, Велигден дома, да се почитуваат правилата и мерките за време на празниците…

April 16, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 29: 107 новозаболени, 23 излечени, Велигден дома, да се почитуваат правилата и мерките за време на празниците…

April 16, 2020 22:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

КОВИД-19 Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 28 Куманово -44 Дебар – 2 Штип – 1 Прилеп – 11 Тетово – 5 Струга – 1 Велес -4 Битола – 6 Кавадарци -1 Гостивар – 2 Кочани -1 Кичево -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 367 Куманово – 306 Дебар – 51 Штип-32 Прилеп –100 Тетово – 48 Струга – 50 Велес – 40 Битола –15 Охрид –7 Кавадарци – 4 Гостивар –12 Гевглелија – 4 Струмица – 2 Крива Паланка-4 Радовиш – 4 Крушево – 3 Кочани – 26 Пробиштип – 2 Кичево – 2 Неготино -2 Во изминатото деноноќие направени се 660 теста.

ПРАЗНИЧНА ПОРКА: Во пресрет на Велигденските празници, да покажеме сите ние одговорност, смиреност и да ги обезбедиме неопходните намирници и потреби за периодот кога целосно ќе се ограничи движењето од петок во 16 часот до вторник до 5 часот наутро.Да го направиме тоа во достоинствен ред.  Со два метри дистанца од секого. А, маркетите и другите продавници задолжително да се погрижат за редот и дистанцата. Маркетите се добро снабдени, секој ќе може да го набави потребното. Само трпение, дистанца и почит кон другите. Тоа ќе ни донесе здравје.

ЗДРАВСТВО Бројката од 107 заболени не треба да изненадува, изјави на вечерашната онлајн прес конференција министерот за здравство Филипче. Тој апелира до граѓаните да се придржуваат до мерките.  Петмина пациенти на Инфективаната клиника се на респираторна вентилација , додека во 8- и Септември има шестмина на респиратори.

Филипче кажа  дека на вчерашниот состанок во Куманово  членовите на Владата не знаеле  дека имало лица кои се тестираат на Ковид-19.

Случајот во Битола ќе го испита државниот санитарен инспекторат, тестот на починатото момче затвореник во затворот во шутка е негативен, десетина трудници тестирани на гинеколошката клиника се со негативни тестови.

Филипче порача дека  не смее  да има какво било групирање на граѓани за Велигден, зашто влегуваме во најкритичната фаза. Тој апелира до граѓаните да се придржуваат до препораките.

МЕРКИ Владата на Република Северна Македонија на денешната 43-та седница донесе одлука за целосно изземање од забраната за движење за сите лица со попреченост со придружници. За да го остварат ова свое право, за овие лица нема да се издаваат посебни дозволи и доволно ќе биде со себе да имаат медицинска белешка која ќе треба да им се презентира на полициските службеници доколку за тоа се укаже потреба.

ПАТЕН СООБРАЌАЈ На денешната седница е донесена Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека при вршење на јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците и може да има најмногу 50% патници од вкупниот број на седишта, не сметајќи го седиштето на возачот.

КАМАТИ Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за примената на Законот за отпис на каматите и репрограмирање на долгови и трошоци на физичките лица.

ТЕСТ Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев е негативен и на второто тестирање за Ковид -19. Тој е во домашна изолација од 10.04. 2020, по информацијата дека новинарот кај кого гостувал е заразен со вирусот.

ПЕНДАРОВСКИ Оваа година црквата ќе мора да се сообрази со правилата кои важат за сите останати поради пандемијата, а заради повисока цел – да ги сочуваме животите и здравјето на нашите луѓе, се разбира, вклучително и на верниците, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

Слободна зона – Религискиот фанатизам vs јавното здравје

пишува: Петар Стојковиќ

И покрај можноста согласно националната легислатива и меѓународното право да се ограничи практикувањето на религијата во верските храмови во време на вонредна состојба како во случај на пандемија, а во интерес на јавното здравје, Владата на РСМ на чело со техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој и самиот е верник, одлучи да не се замери со МПЦ и да ѝ дозволи не само да ги држи отворени храмовите, туку и да практикува ризично однесување причестувајќи ги неодговорните и фанатични верници, кои повеќе веруваат во спас во нивниот бог отколку во науката и медицината, постапувајќи спротивно на мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19 и доведувајќи ги остатокот од населението што се придржува до нив, но и самите верници што земаат учество во тие традиционални обреди, во опасност.

Дијана Тахири


16 април, вонредна состојба, ден 29: Уште 30 дена вонредна состојба, градоначалникот на Куманово позитивен на КОВИД-19, Спасовски, Филипче, Османи и Адеми во самоизолација

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ