Бројот на починати во Кина од корона вирусот не бил реален и дека вистинската бројка била за 50% поголема.
Агенцијата „Франс прес“ утрово јави дека Кина го признала манипулирањето со бројките на мртвите во жариштето на епидемијата, Вухан.
Во оваа централнокинеската метропола воедно прво жариште на пандемијата, од коронавирус починале уште 1290 лица повеќе од официјалниот број со што бројот на жртвите во Вухан порасна на 3.896, од 2.579 официјално регистрирани.
Во национално ниво во цела Кина бројката од 3.342 се уште не е официјално коригирана, но се очекува да стигне до 4.600.
АФП ја открила и вистинската слика на кинеските болници која е далеку поразлична од таа ретуширана и објавена од официјален Пекинг. За новата болница за која се претендираше дека е изградена во рекордно време, сликите на нивниот репортер покажуваат како Кинезите ги преплавиле болниците во времето на епидемијата до тој степен што немало место ни по ходниците.












