• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 30: Ќе се тестираат сите лица во старечки домови, укинат притворот за Кичеец обвинет за „Рекет“

April 17, 2020

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, говор по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025
Фото: МИА архива

Министерство за здравство воведува електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството

August 23, 2025
Фотографија: Скриншот од видео на НБС

Поранешната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел: Нема таен клиентски список, Трамп и Епштајн не беа блиски пријатели

August 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025

Започна јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

August 23, 2025

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

(23:00) Вонредна состојба, ден 30: Ќе се тестираат сите лица во старечки домови, укинат притворот за Кичеец обвинет за „Рекет“

April 17, 2020 23:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Радува фактот што секојдневно имаме нови и нови излекувани пациенти. Денеска вкупно 18, од кои 13 на болничко и пет кои се лекуваа во домашни услови. Со ова бројот на излекувани пациенти во нашата земја е 139, изјави денеска министерот за здравтсво Венко Филипче.

Во изминатите 24 часа, посочи дека, имаме 36 нови случаи и за жал тројца нови починати.

– Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 1117, односно 929 активни случаи. Во изминатите 24 часа направени се 437 теста и со тоа од почеток на епидемијата направени се вкупно 10.859 тестирања. Со оваа бројка сме на второ место во регионот по бројот на направени тестови на милиони жители, изјави Филипче.

*

Позитивна на коронавирус е вработена од Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје во Ѓорче Петров. Направена е епидемиолошка анкета во однос на контактите коишто ги имала со вработените, дел од колегите/колешките – веќе им е препорачана самоизолација.

„Од следната недела ќе пристапиме со серолошко тестирање на сите коишто се сместени во домовите за стари лица со цел да се направи една подобра проценка на нивната здравствена состојба“, рече Филипче.

Скрииниг на антитела е планиран во нашата стратегија, но не сега, туку некаде на средина или крај на летото, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека тестовите, ќе бидат со соодветни анализи и валидирани од комисијата за заразни болести.

„Планирано е да правиме скрининг по возрасни групи. Тоа е планот да го направиме веднаш по попуштање на мерките или некаде на лето, со цел да го процениме имунитетот на возрасните над 65 години, понатака на децата во школска возраст или на работоспособното население, изјави Филипче.

Тоа ќе ни биде еден еден од показателите за димензионирање на мерките, тогаш, кога евенетуално би сметале дека може да се соочиме со повторен пик на болеста.

„Дали тоа ќе биде на есен или не, ќе ја пратиме епидемиолошката криза и врз основа на тоа ќе дадеме мислење и за тоа како можеби ќе треба да се организира наставата во училиштата. Доколку се процени дека нема имунитет на возрасното население над 65 години, може да кажеме дека рестриктивните мерки за нив ќе важат цело време до крајот на годината“, изјави Филипче.

*

Министерот за здравство, Венко Филипче годинава Велигден одлучил да го помине сам изолиран од семејството, со цел да ги заштити најблиските.

„Секој од нас носи огромна одговорност и за тоа мора да сме сите свесни. Празничните собирања оваа година треба да изостанат. Тоа е инвестиција во најважното, во здравјето. Тоа е единсвтениот начин со кој можеме сите како поединици да дадеме свој придонес во борбата со вирусор кој го смени животот на милиони луѓе ширум светот, изјави Филипче.

Да се биде дома, порача Филипче, значи да се направи разлика и да се спасат човечки животи и да се помогне на здравствените работници, кои овој празник ќе го поминат на работните места во борба за секој живот.

*

Бебето родено на 14 април во ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, чија мајка е заразена со коронавирус, е негативно на резултатот за COVID-19, соопштија од ЈЗУ ГАК -Скопје.

*

Кривичниот совет го прифатил барањето и поднесената гаранција од Зоран Милески-Кичеец за укинување на домашниот притвор одреден до правосилност на тригодишната затворска казна во случајот „Рекет“. Домашниот притвор е укинат пред две недели од Кривичниот совет со гаранција од недвижности, проценети над 13 милиони денари.

Дехран Муратов

Во соработка со Диана Тахири


17 април, вонредна состојба, ден 30: Говор на омраза на Велики Петок, денарот останува стабилен, вкупно 1117 случаи на КОВИД-19…





 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ