• Latest

Филипче: Маските задолжителни во затворен простор, може и марама или шал

April 21, 2020

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче: Маските задолжителни во затворен простор, може и марама или шал

April 21, 2020 21:04
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека носењето заштитна маска ќе стане навика. Вирусот, како што вели, нема да исчезне по првиот пик, туку ќе трае до пронаоѓањето на вакцината која се очекува во 2021 година. Дотогаш сите мора да го модифицираат начинот на однесување и да ги користат сите мерки на заштита за да се спречи понатамошното ширење на вирусот.

Тој вечерва во емисијата „Топ тема“ каде се вклучи онлајн поради тоа што е во самоизолација, повтори дека според анализите пикот се очекува кон крајот на април и оти бројката на заболени би се движела околу 2.000.

– Вирусот нема да исчезне. Земјите го подготвуваат здравствениот систем за некој нов пик на есен. Тогаш имаме сериозна опасност покрај пациенти заболени од Ковид 19, да имаме и дополнителен број на заболени пациенти од сезонски грип. Значи, оваа приказна нема да заврши по првиот пик, ќе трае. Веројатно ќе заврши со вакцината која се надевам дека ќе дојде до 2021 година, но дотогаш сите мора да ги модифицираме начинот на однесување и да ги користиме сите мерки за заштита со цел да го спречиме ширењето на вирусот, рече Филипче.

За носењето на заштитни маски, посочи дека тие задолжително ќе се носат во затворен простор каде е поголем ризикот да се одржи физичката дистанца, а на отворен простор би се носеле доколку не може да се обезбеди препорачаната физичка оддалеченост.

– Во тек е проценка на тоа колку маски се на располагање во нашата држава. Уште една олеснителна околност е дека не мора да се носи хируршка маска, туку само прекривка или шал со што се спречува трансмисијата на вирусот. За загрозените категории на граѓани ќе ја преземеме обврската да обезбедиме маски. Сметам дека ова нема да биде некаков предизвик. Дури и сега гледаме дека граѓаните самоиницијативно носат маски, посебно во затворени простории, рече Филипче.

Во однос на предлогот на министерот Чулев за ограничување на движењето, Филипче рече дека за тајминзите може да разговараат на утрешната владина седница, но оти предлозите за скратување на полицискиот час, мерките за ограничување на движењето на постарите и помладите лица и носењето на заштитни маски одат заедно во пакет, бидејќи само така може да дадат ефекти.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ