• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 34: МВР ги демантира Нетпрес, со помошта на ЕУ обезбедени 12 респиратори и 5.000 маски

April 21, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

(23:00) Вонредна состојба, ден 34: МВР ги демантира Нетпрес, со помошта на ЕУ обезбедени 12 респиратори и 5.000 маски

April 21, 2020 22:54
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕМАНТ: Министерството за внатрешни работи најостро го демантира написот на порталот Нетпрес со наслов „Функционер на СДСМ наредил апсење на момчето со куче“, во кој се изнесени низа невистини за функционирањето на МВР, соопшти денеска министерството.

„Ја известуваме јавноста дека од почетокот на кризата со ширењето на коронавирусот во Министерството за внатрешни работи се формира Координативно тело, чиј претседател е министерот Наќе Чулев, а во него членуваат раководните лица во Министерството. На седницата на Координативното тело на 31.03.2020 усвоен е заклучок и задолжен е директорот на БЈБ „ да се испрати инструктивна телеграма до сите
организациони единици да се почитуваат законските одредби во постапувањето кон лицата што не ја почитуваат забраната за движење и истите покрај легитимирањето, согласно со законот да се преземат сите мерки со цел изготвување на соодветен поднесок. По оваа одлука на Координативното тело е постапено од Бирото за јавна безбедност и изготвена е соодветната телеграма. Оттаму, јасно е дека станува збор за изнесени невистини во текстот, кои Министерството за внатрешни работи најостро ги
демантира“, соопшти МВР.

*

ПОДРШКА: Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска имаше телефонски разговор со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој овие денови  разговара со сите учесници на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Загреб, што требаше да се одржи на 7-ми мај, соопшти владината прес-служба.

Премиерите Спасовски и Пленковиќ разговараа за ситуацијата во двете држави во врска со справувањето со пандемијата на вирусот КОВИД-19. Беа разменети информации и искуства за справувањето со здравствената криза и со економските последици од неа. Двајцата премиери искажаа подготвеност за меѓусебна поддршка за спроведување на досегашните мерки и потенцираа дека само со заеднички напори, меѓусебна помош и европска солидарност на дело може да надминат актуелните предизвици.

*

ПОМОШ Во рамки на помошта од Европската унија обезбедени се 12 респиратори и 5.000 маски, објави попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

Тој за емисијата „Топ тема“ изјави дека машините ќе бидат поделени на Клиниката за инфективни болести и за болницата „8 Септември“. Во однос на респираторите што треба да ги набави Владата, Филипче информираше дека набавката е завршена и оти договорите се склучени.

*

ОДГОВОР Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – Дали во целост се согласувате со сите мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19, кои ги донесе Владата, МВР и Министерството за Здравство, и какви мерки Вие би поставиле доколку тие одлуки би биле во ваша надлежност?, вели дека во целост не се согласува со мерките кои ги донесе Владата.
„Не се согласуваме со мерката од 48 часа цела држава да е во карантин, бидејќи со тоа се прави гужва пред маркетите, а тоа преставува ризик некој да се зарази додека чека ред во таа гужва“, вели Села.

Тој додава дека требаше да се воведе шалтерски систем и во маркетите, во тој случај граѓаните немаше ниту да влезат во маркетите, туку ќе дадеа само список со кои продукти им требаат и продавачите ќе им ги донесеа.

Лидерот на Алијанса за Албанците вели дека се согласува со мерката граѓаните во Тетово, Прилеп и Куманово да носат заштитни маски, меѓутоа Владата бесплатно да им ги обезбеди, и не само во тие три града туку да обезбеди бесплатни маски на сите граѓани во целата држава.

*

УВИД Завршен е увидот на Институтот за судска медицина на лицата коишто беа најдени починати во нивниот дом, мајка и син. Според сите анализи смртта настапила пред 3 до 5 недели од моментот на пронаоѓање што е практично во текот на март, а не во текот на јануари, објави министерот за здравство Венко Филипче.

„Во истражниот затвор во Шутка завршени се сите анализи. Земени се околу 50 тестови и сите се негативни.

Во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Ѓорче Петров исто така сите тестови се негативни. Реорганизирана е работата и институцијата функционира најнормално.

Тестови ќе се прават и во лабораторијата во МАНУ, која од денеска ќе изработува до 100 тестови дневно.

*

ДИСЦИПЛИНСКА Лицето С.Б кој вчера околу 14:30 беше приведен од страна на полиција во улицата „Антон Панов”, во Скопје, бил надвор од својот дом, заедно со домашен миленик, спротивно на владината уредба и пропишаното време за прошетка на домашни миленици во време на полициски час, информираат од МВР. Истовремено од МВР констатирале дека при преземање на службените мерки и дејствија полициските службеници работните задачи ги извршувале спротивно на упатството за начинот на однесување на работниците во МВР, во услови на прогласена вонредна состојба предизвикана од појавата на коронавирус.

*

ПРИЈАВИ Во врска со настанот од 19-ти овој месец во Гевгелија, каде што повеќе граѓани ја прекршија забраната за движење согласно уредбите на Владата, Министерството за внатрешни работи, односно надлежните служби во текот на денов од веќе идентификуваните 18 лица учесници на настанот, извршија службени разговори со осум лица, а за останатите десет лица се во тек достави на покани за разговор во надлежната полициска станица. Исто така, по целосно документирање на настанот против сите инволвирани ке бидат поднесени соодветни казнени пријави, а целокупната постапка е во координација со надлежен обвинител при ОЈО Гевгелија.

*

ПРИЈАВИ Од МВР истакнуваат дека освен трите лица кои првично беа приведени за настаните во Ченто, од 13 април и за кои веднаш беше поднесена кривична пријава, дополнително по извршена оперативни активности идентификувани се уште 23 лица.

Д. Муратов


21 април, вонредна состојба, ден 34: Предлог за пократок полициски час, но и задолжително носење маски, 7 нови случаи и 24 излекувани од КОВИД-19…

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ