• Latest

Планинарите и рекреативците бараат укинување на забраната за движење во шума

April 22, 2020

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Планинарите и рекреативците бараат укинување на забраната за движење во шума

April 22, 2020 10:58
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Работната група против забраната за движење во шума со над 1.100 членки – организации и физички лица денеска соопшти дека испратила писмени реакции до Владата и министерствата за земјоделство и за внатрешни работи со кои бара укинување на оваа мерка.

Во тек е, како што информира Работната група, и петиција против мерката, која ја имаат потпишано над 5.300 лица.

Планинарите и рекреативците бараат и средба со министерот за земјоделство и со претставник од ЈП „Национални шуми“, како и од Министерството за внатрешни работи во најкус можен рок

Според нив, во контекст на мерките против вирусот, дополнителни забрани за движење и рекреација се спротивни на препораките за здравје од СЗО. Забраната за движење во шума и рекреативни места е кршење на човековото право на слободно движење и кршење на уставно право на граѓаните.

-Бараме отчет врз база на која анализа, индикатори и аргументација се донесе мерката, без консултативен процес со засегнати страни – граѓаните, на тотално недемократски и авторитарен начин. Сметаме дека оваа мерка не е целисходна – се објавува во период кога голем дел од планинските и шумските предели се уште се под снежна покривка или се со влажна почва од неодамнешните врнежи, а временските прилики не сугерираат поволни услови за ширење пожари. Планинарите и рекреативците не се закана за ширење пожари. Целосно е неразумно Владата и институциите да воведуваат дополнителни отежнувачки мерки кои крајно негативно ќе влијаат на психофизичката состојба на значителен дел од популацијата, укинувајќи ги сите опции за разумно и одговорно изложување на сончевите зраци и благотворното дејство на кислородот и чистиот воздух, наведува Работната група.

Додава и дека на прес-конференцијата што ја одржа Министерството за земјоделство на 18 април 2020, мерката за забрана била делумно објаснета, а суштинските прашања и информации останале неразјаснети и недефинирани, особено прашањето зошто под изговор за пожари во влажен годишен период, рестрикцијата се префрла на грбот на планинарите и рекреативците кои се љубители на природата.

-На прес конференцијата во Владата на 18 април 2020 од страна од страна на министерот за земјоделство беше појаснето дека мерката значи делумна забрана т.е. делумно ограничување на движењето. Тој спомна дека се однесува на шумите кои ги стопанисува ЈП Национални шуми, а тоа се 90 отсто од шумите во државата. Спомна дека забраната не се однесува на заштитени подрачја, парк-шуми, излетнички места и националните паркови. Нема објавено никаде точна инфромација со дистинкција кои планински подрачја спаѓаат под Национални шуми, а кои не.

Сметаат дека како сериозна Влада која треба да работи во интерес на граѓаните и своите политики да ги базира во функција на благосостојбата на граѓаните, треба да има координиран пристап меѓу државните органи, а не поединечни министерства да носат на своја рака вакви изолирани, авторитарни и контрапродуктивни одлуки. -Гледаме дека и во услови на полициски час, со важечката Забрана за движење во шуми, повторно се палат пожари и се врши дива сеча на дрва што само укажува на неефикасноста на мерката, дополнува Работната група.

Во дописот до МВР Работната група реагира „на забранувањето пристап до парк-шумите, заканите и претењето за кривично гонење на планинарите и рекреативците во период од 5:00-16:00 часот од понеделник до петок, во услови кога рекреативците се совесни и не ги кршат мерките за ограничено движење на Владата“.

-Во услови на и онака крајно лимитирано движење, целосно е неразумно Министерството за внатрешни работи на своја рака да воведуваат дополнителни отежнувачки мерки кои крајно негативно ќе влијаат на психофизичката состојба на значителен дел од популацијата, укинувајќи ги сите опции за разумно и одговорно изложување на сончевите зрази и благотворното дејство на кислородот и чистиот воздух. Препорака на Светската здравствена организација е државите да носат мерки кои нема да бидат контраиндицирани со психофизичкото здравје на популацијата, кое е клучно за зачувување на имунитетот. Ве информираме дека во изминатиов период бројни беа случаите на непрофесионално однесување на полициските служби, спротивно на мерките на Владата, посочува Работната група.

Во трите дописи, до Владата, МВР и Министерството за земјоделство, Работната група се повикува на Универзалната декларација за правата на човекот, на Уставот, како и на препораките од СЗО во врска со коронавирусот.

На 23-та седница на Владата оджана на 19 март 2020 беше донесена мерка со која се забранува пристап на лица и возила во парк-шумата Водно секој ден од 18:00 часот до 6:00 часот. Полицијата се задолжи да го ограничи пристапот. Со новата мерка за проширување на полицискиот час, забраната за движење се ограничи дополнително од 16:00 часот до 5:00 часот и за време на викенд. Со дополнителна одлука беше уредено дека се забранува движење на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што дозволено е родител да биде во поголема група со своите деца до 14 години.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пак, на 16 април 2020 објави одлука за воведување забрана за движење во шума и шумско земјиште од 6 до 20 часот, која стапи на сила на 17 април.

-Со тоа практично ни се забрани секакво рекреирање на планина – пешки или со велосипеди во 90 отсто од шумските предели кои се под ингеренции на ЈП Национални шуми, реагира Работната група.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ