• Latest

Целта ги определува средствата, а не ги оправдува

April 22, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Целта ги определува средствата, а не ги оправдува

Како ќе излеземе од кризата во голема мера зависи од мерките кои се преземаат заради справување со кризата, од начинот на делување во време на кризата и средствата кои се користат за постигнување на саканата цел.

April 22, 2020 15:05
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува МИРЈАНА нАЈЧЕВСКА

Пандемијата ќе помине (побрзо или подоцна). Ќе го уништиме вирусот, или ќе биде создадена вакцина, или едноставно постепено ќе станеме имуни, или …

Многумина зборуваат за новото нормално кое нè чека по повторното отворање на светот. Кое може да биде нов завијуток во спиралата на напредокот изграден врз основа на сите стекнати искуства и научени лекции, или пак може да биде исчекор наназад втемелен во стравот, зачинет со ксенофобија, дискриминација, себичност и затворање на заедниците и на умот.

Ваков вид кризи на овој или оној начин секогаш задираат во комплексот основни права и слободи на луѓето, ги прави луѓето потолерантни на прекршувањето на овие права и тежнеат да воспостават нов баланс меѓу јавниот интерес и колективните права, наспроти индивидуата и индивидуалните права и слободи.

Како ќе излеземе од кризата во голема мера зависи од мерките кои се преземаат заради справување со кризата, од начинот на делување во време на кризата и средствата кои се користат за постигнување на саканата цел.

Во моментов постои многу реална опасност Република Северна Македонија да излезе како губитник во однос на посткризниот период и да направи голем чекор (или дури и неколку чекори) наназад во демократскиот развој, владеењето на правото и заштитата на основните човекови права и слободи.

Самото прогласување на вонредна состојба е екстремно орадие кое по својата суштина го кородира демократскиот систем. Вонредна состојба која применува екстремни мерки на ограничување на основните права и слободи на луѓето, која дискриминира и која не подлежи на никаква контрола од страна, едноставно го уништува демократскиот систем во неговиот корен.

Македонија отишла и чекор понатаму во оваа дерогација.

Во сите преземени мерки, во секојдневното (наводно) најтранспарентно известување на јавноста за се’ што се одлучува од страна на Владата, побегна од вид една многу важна информација: нашата власт решила да не гарантира и да не штити неколку права дадени во Европската конвенција за човекови права.

Без јавно објавување и соодветно објаснување на јавноста, државата пријавила до Советот на Европа  во Стразбур дека, во време на траењето на вонредната состојба, на своите граѓани не може да им ги гарантира приватниот и семејниот живот, правото на образование, слободата на собирање и здружување и слободата на движење (https://rm.coe.int/16809e1288).

Во кратката анализа направена од страна на Советот на Европа во врска со барањата на неколку држави (Латвија, Романија, Ерменија, Молдова, Естонија, Албанија, Северна Македонија и Србија –  https://www.ejiltalk.org/the-whos-the-whats-and-the-whys-of-the-derogations-from-the-echr-amid-covid-19/), се посочуваат неколку моменти:

  • Станува збор за поранештни социјалистички држави кои некои ги перцепираат како дел од поранешниот Источен блок
  • Во сите нив постои своевиден атавизам на превласт на колективните над индивидуалните права
  • Голем дел од нив имаат многу кревок систем на владеење на правото и во изминатиот период се соочиле со значаен број пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права поврзани токму со членовите чија дерогација сега ја бараат .

Сите права за кои се бара дерогација се права за кои и во самата Конвенција е предвидена можност да бидат ограничени “… ако претставува мерка која е во интерес на државната и јавната безбедност, економската благосостојба на земјата, заштитата на поредокот и спречувањето на кривични дела, заштитата на здравјето и моралот, или заштитата на правата и слободите на другите, во едно демократско општество.“.

Барањето за отстапување од гаранцијата и заштитата од страна на државата (над границите кои ги дава самата Конвенција)  може да значи:

  • Отсуство на оправдување во едно демократско општество
  • Заштита на државата од можни постапки пред Европскиот суд за човекови права заради (постоеочки или идни) прекршувања на Конвенцијата
  • Непропорционалност на мерките
  • Отсуство на процена за влијанието на мерките врз остварувањето на основните права и слободи на луѓето
  • Неприлагоденост на мерките за различни групи и постоење елементи на дискриминација.

Во отсуство на било каква контрола над Владата (дури и од Собранието заради одлука на еден единствен човек), во ситуација на продолжување на вонредната состојба без правен основ и без соодветно образложување и објаснување на претходно преземените мерки,  во ситуација на очигледно селективна примена на мерките и несоодветна употреба на полицијата, станува многу реална можноста од кризата Македонија да излезе многу чекори назад во владеењето на правото, почитувањето на човековите права и демократските процеси.

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ