• Latest

Пратеници од неколку партии собраа потписи за свикување на Собранието

April 22, 2020

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пратеници од неколку партии собраа потписи за свикување на Собранието

April 22, 2020 15:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеници од повеќе партии се потпишаа на иницијативата за повторно свикување на Собранието. На списокот има и пратеници од опозициските ДПА, Алијанса за Албанците и БЕСА. Потписите утре ќе бидат доставени до собранискиот претседател кој треба да одлучи дали привремено ќе ги врати во пратеничките клупи веќе распуштените пратеници. Иницијативата содржи две точки на дневен ред. Првата е за свикување на седница за потврдување на одлуката на претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба, а втората е за ставање на Собранието во функција по потреба. Се повикуваат на член 63 став 4 од Уставот, каде стои дека, „мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба“. Пратениците предлагаат седницата да биде во согласност со  препораките на здравствените власти за држење на дистанца, односно електронски или во сали каде што може да се обезбеди растојание од два метри меѓу пратениците. И од Институтот за демократија сметаат дека има законска основа за свикување на Собранието.

Од Институтот потенцираат и дека, Собранието мора да се свика и за да врши контрола над извршната власт, која во услови на вонредна состојба има законски надлежности.

Претседателот на Собранието, досега во неколку наврати изјави дека не постои можност да го свика Собранието кое се самораспуштило.Тврди дека, пратениците не може да се вратат во собраниските клупи, зашто го вратија мандатот, а дека тој самиот е претседател во заминување и со ограничени, административни надлежности. Од неговиот кабинет велат дека се чекаат потписите од пратениците, по што ќе излезат со официјален став. Потписите се собираа по повикот на претседателот Стево Пендаровски, кој минатата недела презеде одговорност и, при уставни недоречености, донесе нова одлука за нова  вонредна ситуација во период од 30 дена. Неговата одлука веднаш беше оспорена пред Уставниот суд, а тој го повика Собранието да си преземе одговорности.

извор: Телма

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ