• Latest

Филипче: Граѓаните не ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема, ќе предложиме санкционирањето да почне веднаш

April 26, 2020

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
Дел од колажот на ФБ страницата United against Trump 2.0

United against Trump 2.0: Од Хитлер, Мусолини и Хирохито до Трамп, Путин и Си – „Америка се движи наназад!“

November 20, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

Студенти и средношколци ширум Европа со протести против планот на ЕУ за зголемување на воените инвестиции

November 20, 2026
Кијив, 20 ноември 2026 (ДСНС)

Мостови, железница и домови под руски оган: Најмалку осум загинати во Кијив и Лвив

November 20, 2026

Една година локална власт: Што се смени во вашата општина?

November 20, 2026
Фотографија: Платформа Х/ Володимир Зеленски

Коалиција на подготвените: Вашингтон отворен за безбедносни гаранции за Украина слични на членот 5 од НАТО

November 20, 2026

Роман Шеремета: Средба меѓу воен злосторник, диктатор и губитник

November 20, 2026

Додека другите слетуваа со приватни и државни авиони на АПЕК, мексиканската претседателка одржа лекција по скромност и лидерство

November 20, 2026
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Граѓаните не ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема, ќе предложиме санкционирањето да почне веднаш

April 26, 2020 14:47
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести утре до Владата ќе поднесат предлог санкционирањето за неносење заштитна опрема – маска или прекривка на устата и носот во насока на заштита од ширењето на коронавирусот да почне веднаш истиот ден или надоцна во вторник, бидејќи е констатирано дека голем дел од граѓаните или не користат заштитна опрема или неправилно ја користат.

-Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести достават предлог до Владата санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веднаш, односно утре или најдоцна во вторник. Сакам повторно да алпелирам дека оваа мерка мора да се почитува и дека заштитната опрема се носи така како што е пропишано – на затворено и на отворено кога не може да се држи физичка дистанца од 2 метри, рече на денешната онлајн прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека на ваков чекор ги натерале се почестите слики во медиумите и на социјалните мрежи со граѓани кои не ја почитуваат мерката за носење заштитна опрема во услови каде е пропишано, но и граѓани кои ја носат маската или прекривката на лицето под брадата или во рака.

-Има и граѓани кои ја почитуваат оваа мерка свесни дека ова е еден од клучните механизми за борба против вирусот. Досега сите мерки дадоа резултати. Уверен сум дека и ако доследно ја почитуваме оваа мерка, како и сите претходно за кои има оправданост, ќе се заштитиме и себе си и нашите семејства и сограѓаните, ќе превенираме раст на број на заболени кој еве веќе два месеци е еден процес  што одлично го држиме под контрола, рече Филипче.

Тој ги повтори и податоците што претходно ги објави Министерството за здравство за нови 19 случаи на лица позитивни на коронавирус и 126 оздравени во изминатите 24 часа. Во истиот период починале две лица заболени од Ковид 19.

-Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72. Најголемиот број на овие оздравени пациенти се на домашно лекување, а помал дел се пациенти кои се лечат во болнички услови. Сакам да им заблагодарам на матичните лекари кои многу успешно се вклучени во овој систем на пациентите и со тоа се покажа дека овој модел дава резултати. Враз основ на тој модел само десеттина проценти од пациентите се хоспитализирани, не се оптоварува здравствениот систем , ниту здравствените работници. Ова  е модел кој го анализиравме и имплементиравме на почетокот, рече Филипче.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386 лица. На Инфективната клиника во Скопје примени се тројца нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив пет се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кислородно зависни. Останатите пациенти се стабилни. Во ГОБ „8 Септември“, примени се шест нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика се пет пациенти, а вкупно на респираторна машина се седум лица. Во Болницата во Битола се лекуваат седум пациенти од кои еден пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани два пациенти, а на домашно лекување се следат девет пациенти и нивната состојба е стабилна.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ