• Latest

Кога се манипулира со јавното здравје: Кој повеќе (не)сака избори летово?

April 28, 2020
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Кога се манипулира со јавното здравје: Кој повеќе (не)сака избори летово?

April 28, 2020 19:48
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Иако двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, вчера соопштија дека изборите не им се приоритет на сметка на здравјето на граѓаните, објавата што ја рецензира „Критинк“ конструира претпоставка дека соопштувањето на бројките на оздравените од ковид 19 во дневните извештаи на министерот за здравство, е знак дека „власта сака брзи предвремени парламентарни избори, во ек на светска пандемија?“

Според почетокот на прилогот, имаме впечаток дека се работи за извештај за најновите тенденции во справувањето со пандемијата со ковид 19 во РСМ.

Власта ги намали прогнозите за пикот на коронавирусот. Ако досега пресметките што ги правеле епидемиолозите Караџовски и Микиќ дека врвот на епидемијата ќе заврши со 2.000 до 2.500 заразени сега, министерот Филипче вели дека според последните анализи бројот на заразени ќе биде околу 1.700.

Но, во исто време, се добива и впечаток прилогот, како  да „жали“ што не е постигната бројката од првично проектираниот пик на епидемијата кај нас. Иако, веќе во изјавата на министерот за здравство, д-р Венко Филипче, дадена во продолжение на прилогот, се наведуваат причините за корекцијата на проектираната бројка на заразени со ковид 19.

Тогаш таа претпоставка беше направена врз основа на тогашниот број пациенти, а тогаш немавме воведено вакви мерки. Сега може крајната бројка да биде поинаква. Сакаме и очекуваме да имаме помал број, но се подготвуваме како да ќе биде поголем. Последните анализи од пред една недела покажаа дека е можно бројката да биде 1.600 – 1.700 заразени. Но не се опуштаме.

Веднаш потоа прилогот се занимава и со една мала „теорија на заговор“:

Дали во позадина на менување на стратегијата, со која, сега, прво се кажува бројот на оздравени, наспроти заболени и починати, власта си го чисти патот до идејата за брзи предвремени парламентарни избори, во ек на светска панедмија?

Но, нема ништо спорно, а уште помалку лоша намера, ако во дневните извештаи за состојбата со ковид 19 кај нас на прво место се ставаат бројките на оздравени/излечени луѓе, отколку заразени или починати.

Тоа значи декае постигнат напредок во исправување на кривата, па и нејзино намалување, бидејќи бројот на излечени/оздравени секојдневно е неколку пати поголем од заразените. И во САД, на пример, првичните прогнози од Универзитетите и здравствените консултанти предвидуваа меѓу 240 илјади и 1.5 милиони жртви: сега таа проекција е намалена на 60 илјади жртви. Во секој случај, бидејќи се работи за сосема непознат вирус, никој не знаеше што може да се случи, и колку овој вирус е вирулентен.

А, што има сето тоа врска со можни брзи избори?!

Впрочем , и двете најголеми партии, владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ како предводници на предизборните коалиции, во исто време кога е емитуван/постиран прилогот, се изјаснија дека приоритетно им е здравјето на граѓаните и успешно справување со епидемијата, а потоа изборите.

Прилогот прекршува најмалку три члена од Кодексот на новинарите на Македонија:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. (член 8)

и

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (член 13)

Може да се додаде дека медиумот го прекршува и правилото дека:

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (член 1)

Постапувајќи спротивно на овие начела, објавата наликува на папазјанија од коментари, претпоставки и непроверени информации.

извор: Критинк

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ