• Latest

Владата со три новини за финансиска поддршка за фирмите погодени од пандемијата

April 29, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владата со три новини за финансиска поддршка за фирмите погодени од пандемијата

Новините се во насока на зголемување на флексибилноста и олеснување на критериумите, како и зголемување на опфатот на фирмите кои можат да аплицираат за оваа мерка која е дел од првиот пакет антикризни мерки и ќе стартува во мај.

April 29, 2020 11:26
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата воведува три новини во мерката за субвенционирање на 14 500 денари плата за компаниите како поддршка за справување со последиците од пандемијата.

Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција објасни дека новините се во насока на зголемување на флексибилноста и олеснување на критериумите, како и зголемување на опфатот на фирмите кои можат да аплицираат за оваа мерка која е дел од првиот пакет антикризни мерки и ќе стартува во мај.

Трите промени се: дозволување флексибилност во намалување на бројот на вработените во фирмите што ќе аплицираат; комбинирање на две антикризни мерки за фирми од областа на угостителството, туризмот и транспортот; и промена во критериумите за тоа кој ќе ги враќа средствата од субвенционирање.

Првата новина се однесува на делот за намалување на вработените, (работникот сам да напушти или му истекува договорот), при што се олеснуваат условите за задржување на бројот на вработени, односно се дозволува тоа намалување да биде до 15 проценти кај малите и микрофирми, до 10 проценти кај средните и до 5 проценти кај големите претпријатија.

За споредба, досега тој критериум беше компанијата да не го намали бројот на вработени под бројот на вработени кој бил во февруари 2020 година.

Втората новина е што се зголемува финансиската поддршка за три сектори – туризам, угостителство и транспорт, кои, како што рече Ангеловска, претрпеле најголеми штети од пандемијата. Оваа новина значи дека фирмите од овие три сектори ќе можат истовремено да користат субвенции од мерката 14 500 денари по работник и да ја комбинираат со другата мерка за субвенционирање до 50 отсто од придонесите за плата по работник. Тоа значи дека вкупната сума што некоја фирма од овие три сектори може да ја користи е 19 500 денари по работник.

Условите се: да се здрави компании, кои оствариле приходи во изминатите две години, да не се наоѓаат на листата на должници и да немаат доспеани, а ненаплатени обврски во рок од 90 дена.

Третата новина е во однос на тоа која компанија и под кои критериуми треба да ги врати овие средства од финансиската поддршка.

Компаниите што не оствариле добивка во 2020 година нема да ги враќаат средствата од финансиската поддршка, како што и првично беше предвидено. Промената е кај компаниите што ќе остварат добивка во 2020 и имаа обврска да вратат до 50 проценти од она што го оствариле. Тие сега со новината ја немаат таа обврска доколку истата сума што ја добиле како субвенција од државата ја вложат во својот процес и во вработените.

Услов е тоа да се здрави компании, да имаат остварено добивка во изминатите две години, да ги исплатиле обврските кој УЈП и да немаат доспеани ненаплатени кредити со рок од над 90 дена.

Овие новини, како што соопшти министерката Нина Ангеловска, се направени во соработка со Светската банка, а мерката ќе биде кофинансирана со заем од оваа светска финансиска институција од 50 милиони евра.

Целта е да се зачуваат работните места (според проценките се работи за 200-250 000 работни места) и да се одржи ликвидноста на фирмите погодени од кризата со пандемијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ