• Latest

Пендаровски во видео разговор со директорот Институтот во Козле изрази поддршка и благодарност за грижата за најмалите

April 29, 2020

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски во видео разговор со директорот Институтот во Козле изрази поддршка и благодарност за грижата за најмалите

April 29, 2020 14:10
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски преку видео врска денеска разговараше со д-р Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, при што искажа поддршка и благодарност за досегашниот несебичен ангажман на д-р Андоновски како директор на Институтот Козле, но и на сите вработени во оваа здравствена установа, во услови на корона-криза.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, во разговорот д-р Андоновски го информираше претседателот Пендаровски за начинот на функционирање на болницата, којашто од самиот почеток на пандемијата на вирусот КОВИД 19, е здравствената установа каде се лекуваат децата кои се сомнителни или пак боледуваат од вирусот, како и деца со висока температура и белодробни проблеми.

Андоновски појасни дека покрај редовните пациенти, во рамки на болницата функционира посебно КОВИД одделение и Институтот претставува КОВИД 2 центар.

Досега, како што посочи д-р Андоновски во разговорот, во болницата се тестирани повеќе од 50 деца. Од нив четири биле позитивни на вирусот. Најмалите дијагностицирани деца биле на возраст од 4 месеци, а најголемото на возраст од 15 години. Во моментов како што рече д-р Андоновски, во болницата во Козле се хоспитализирани три деца кои се сомнителни на вирусот, меѓу кои е и бебе родено пред 16 дена. Според д-р Андоновски децата коишто заболуваат од вирусот, имаат лесни симптоми и поминуваат без никакви компликации. Ова, како што истакна д-р Андоновски, во најголема мера е резултат на физичката дистанцираност, односно децата седат дома со своите родители и не посетуваат градинка или училиште.

Институтот за белодробни болести во Козле, според директорот Андоновски, и сега во овие вонредни околности, функционира без проблеми и има доволно медицински и немедицински кадар. Меѓу вработените досега нема лица заболени од вирусот КОВИД 19.

– Најпрво Ви посакувам да останете живи и здрави сите вие персоналот во Институтот. Да помагате. Огромна благодарност во име на сите граѓани затоа што им помагате на нашите најмили и најмали. И посакувам во иднина да немате многу работа по овој основ. Имате полна поддршка Вие и целиот персонал во болницата. Навистина Ви честитам за извонредните напори во изминатите два месеци, истакна претседателот Пендаровски во денешниот видео разговор со д-р Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. 
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ