• Latest
Hand writing

(23:00) Вонредна состојба, ден 43: Укинување на државната матура, уписи, решенија, Први мај….

April 30, 2020

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 43: Укинување на државната матура, уписи, решенија, Први мај….

April 30, 2020 22:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Hand writing

Hand writing

Share on FacebookShare on Twitter

НАДОМЕСТОК Први мај, Денот на трудот е државен празник и е неработен ден за сите. Министерството за труд и социјална политика потсетува дека работниците кои работат на во празнични денови, според Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата.

ИСЧЕЗНУВАЊЕ Сите проекции на многу земји во светот укажуваат дека вирусот секако ќе остане и дека во случај да не се почитуваат мерките, во случај повторно да се повторат оние предуслови во кои може да се зголеми трансмисијата, па дури и од несвесните асимптоматски носители, може да имаме нови и нови случаи, изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа како тој ја коментира сингапурската студија дека вирусот Ковид-19 ќе исчезне до 16 јуни.

ПЛАТА На здравствени работници заболени од Ковид-19 нема да им се крати од платата за боледувањата. Министерот за здраство Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека во однос на боледувањето на здравствените работници, решението е најдено и тоа веќе ќе се имплементира преку измена во Правилникот на Министерството за труд и социјална политика.

ТЕСТОВИ Бројот на тестови се намалува затоа што бројот на лица за кои се сомневаме дека се заболени од КОВИД-19 е сѐ помал, објави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

ДРЖАВНА МАТУРА Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година, одлучи Владата на денешната седница, изјави министерот за образование Арбер Адеми.

ОБРАЗОВАНИЕ Министерот за образование и наука Арбр Адеми денеска информираше дека уписите во средните и во основните училишта ќе се одвиваат според роковите. Конкретно, за средните училишта Адеми посочи дека во наредните денови ќе бидат донесени уредби за да се конкретизира како ќе се одвиваат уписите, а можеби и ќе бидат подготвени протоколи.

СУДСКИ И ЗАТВОРСКИ СИСТЕМ Министерката за правда Рената Дескоска преку видео-конференција со нејзини колеги од неколку европски држави споделила искуства поврзани со справување со ситуацијата со Ковид-19, кои пред сè, се однесуваат на правосудниот и затворскиот систем.

СИНДИКАТИ Владата и синдикалните организации дефинираа предлози кои се добра основа за решение за спроведување на финансиската поддршка за платите на работниците и за зачувување на работните места, објави денеска на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски. Владата денеска соопшти дека заедно со синдикалните организации дефинирале предлози кои се добра основа за решение за спроведување на финансиската поддршка за платите на работниците и за зачувување на работните места.

БЕЗ ФИЛТЕР е називот на видео колумната на Џабир Дерала. Во првото издание тој говори на тема: Зошто ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се против реактивирање на Собранието?

А. Петровска 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ