• Latest

Со соседните земји ќе се координираат мерки за патувањата во летните месеци

May 4, 2020

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Со соседните земји ќе се координираат мерки за патувањата во летните месеци

May 4, 2020 17:11
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„За стратегија за годишните одмори и патувања во време на пандемијата во летните месеци ќе се зборува откако ќе има координација со соседните земји“, рече министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на прашање дали има препораки до граѓаните каде да летуваат, со кои превозни средства и дали се водите безбедни за капење.

Соопшти дека се координира и разменува информации за активности со министри од соседните земји и треба, рече, да направат заедничка конференција.

„Има сè уште многу отворени прашања. Како што ме информираше грчкиот колега, тие планираат отворање на границите во јуни. Сè уште ништо во мај. Но мислам дека многу ќе постигнеме со овој заеднички состанок и координација поради тоа што може да донесеме некакви мерки коишто ќе ги почитуваат сите граѓани, од сите околни земји, ако патуваат било каде. Сметам дека само тоа може да биде една успешна приказна. Зашто непочитување на мерките, не само кај нас, туку и во која било друга земја, е загрозување на јавното здравје – дома или таму во странство“, истакна Филипче.

Во однос на Словенија, која им препорачала на своите граѓани да патуваат со автомобили до блиски дестинации и да не користат авиони и бродиви, министерот смета дека има логика во тоа, но се поставува прашање, рече, дали и странците би ги почитувале тие препораки.

За утре е закажан состанок на Светската здравствена организација за нашиот регион, а и на самит на ЕУ во среда, исто така, на агендата е дискусија за т.н. излезна стратегија од КОВИД-19.

„Една од темите на двата состанока, утре и задутре, ќе биде како ќе се координира отворањето на границите и кои мерки ќе ги преземе секоја од земјите. Затоа што нема да можеме, не само ние, туку која било земја, да има успешна национална стратегија ако во одреден момент без контрола се пуштат патници од странство. И затоа е секоја земја свесна и затоа се овие координативни состаноци“, истакна министерот Филипче.

Во однос на отворање на базените, одговори дека како и за сите други спортски објекти, работата и организацијата на тренинзите и натпреварите е предмет на мерките што ќе ги официјализираат до крајот на оваа недела. За сугестиите од некои пливачки клубови дека хлорот во водата не влијае на ширење на вирусот, Филипче одговори дека проблем може да предизвика самото собирање на луѓето и користење на соблекувалните во базените.

Филипче посочи и дека според историски податоци за сите други респираторни вируси кои се појавувале, експертите и за овој респираторен вирус очекуваат дека во летните месеци ќе се префрли во Јужната хемисфера. Повторно постои ризик, за кој не може да се предвиди со колкав интензитет, рече тој, да се врати наесен на Северната хемисфера

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ