ЗДРАВСТВО „Повеќе од 50 здравствени работници од 70 кои беа заразени во Општата болница во Куманово се веќе вратени на работа, сите се тестирани и имаат два негативни тестови согласно критериумот. Сите одделенија во болницата функционираат нормално“, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
СКАНДАЛ Tехничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, побарал да се ангажираат 80 полициски возила во близина на спортскиот центар Борис Трајковски. Причината за покренување на оваа претерана бројка од полициски возила не е, ни помалку, ни повеќе, туку за потребите на снимање видео спот, дознава Фронтлајн, од неофицијални извори.
РЕАКЦИЈА Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80тина полициски возила и најмалку 100тина полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење, реагираше заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска
РАСПИТ Поранешниот советник на експретседателот Ѓорге Иванов, разузнавачот Синиша Алексовски, попладнево беше во Полициската станица Центар, каде што се задржа речиси два часа. Неофицијално, за Алексовски се води води предмет по претходна пријава. Поради тоа, тој бил повикан во Полициската станица на распит.
ЦРНА КАМПАЊА ВМРО-ДПМНЕ започна со црна кампања против СДСМ, Владата и мерката покачување на акцизата за нафта
ИЗБОРИ Независно кога и да се закажат изборите, тие ќе се спроведат по строг протокол за кој ќе расправа Комисијата за заразни болести, потврди министерот за здравство Венко Филипче.
ОБРАЗОВАНИЕ „Не сакаме училиштата да бидат жаришта за ширење КОВИД-19, во овој момент онлајн процесот е најсоодветен. Апелираме до сите наставници да продолжат одговорно и професионално да ја вршат својата работа, да дадат придонес за да се издигне овој начин на организирање на наставата над оптималното ниво“, порача министерот за образование Арбр Адеми.
ГОДИШЕН ОДМОР За стратегија за годишните одмори и патувања во време на пандемијата во летните месеци ќе се зборува откако ќе има координација со соседните земји.
КУМАНОВО Кризиниот штаб во Куманово препорача да се стави во функција зонското паркирање организирано од ЈП „Куманово паркинг“, со цел да се уреди паркирањето и да се намали сообраќајниот метеж во градот.
НЕСРЕЌА Заврши увидот на превртениот полициски хеликоптер. Во зависност од обезбедените докази ќе бидат утврдени причините за хеликоптерската несреќа, а доколку притоа бидат утврдени пропусти од субјективен карактер, Јавното обвинителство ќе поведе кривична постапка.