• Latest
Оливер Деркоски/ Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Деркоски: Политички притисок надвор од закон не признавам

May 7, 2020

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Деркоски: Политички притисок надвор од закон не признавам

May 7, 2020 19:19
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ
Оливер Деркоски/ Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Оливер Деркоски/ Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

На 22 март, ДИК кончено, по донесена Уредба од Владата, официјално ги прекина сите активности поврзани со предвремените парламентарни избори што беа закажани на 12 април.  ДИК  се обврза да ја чува и обезбедува изборната документација до спроведување на изборните дејствија и изборите кога ќе се создадат услови. И тука, привремено, се затвори изборната приказна, но само навидум.

За жал, ниту пандемијата не ги сопре дневно партиските препукувања, ниту заткулисните игри што наместо справување со кризната состојба се користеа за кампањи што наликуваат на оние изборните за купување политички поени.

Но, настрана она што било, прашањето е што ќе биде откако, според очекувањата, наредната недела на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски се одреди датум за избори, откако претходно заклучок ќе стигне и од Комисијата за заразни болести.  На ДИК и останува да го ревидира Роковникот. Повикувањето на избори евентуално во јули, а не во јуни, ДИК го оправдува со фактот дека во Избирачкиот список треба да се направат измени по однос на лицата што наполниле 18 години, оние што во меѓувреме починале да се извадат од него., но  и ред други работи кои повторно би го вратиле изборниот процес на почеток, а не од онаму каде според Роковникот прекинаа изборните активности.

Но, дали ова е идеално време за избори? ДИК гарантира на сопствената подготвеност, но како што предупреди претседателот Оливер Деркоски, избори, да, но мора да се внимава на првенствено на здравјето на луѓето.

„Единствено нешто на кое во изминатите денови го повторувам постојано е до носителите на одлуки, политичките фактори коишто ќе треба да обезбедат некој политички консензус за одредување на датумот на избори е да внимаваат на Изборниот законик. Секој друг начин на кој што би се одредиле понатамошните чекори со импровизација ќе доведе до делегитимизација на самиот изборен процес и до оспорување на резултатите понатаму на целиот процес. Јас се надевам дека ќе превладее разумот и дека ќе послушаат од она што го упатувам како апел дека изборното законодавство не познава терминологија не  познава терминологија запирање и продолжување на изборни дејствија. Тоа треба да им биде јасно на сите“, изјави претседателот на ДИК Оливер Дероски во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

„Сега во оваа ситуација кога хипотетички здравствените власти ќе одлучуваат дали се надминати условите за пандемија и истите тие ќе треба да дадат насоки на ДИК на кој начин ќе треба да изработат протоколи за да се спроведат тие процедури затоа што јас како претседател на ДИК и целата Комисија, не сакам да бидеме одговорни за последиците од целиот изборен процес… Размислете хипотетичка ситуација кога ќе треба да се ангажираат барем триесетина посто повеќе луѓе во целата организација на тој процес. Дел од тие луѓе треба да бидат од здравствен сектор, на секое избирачко место треба да се обезбеди просторна дистанца од 2 метри на членовите на избирачките одбори, на набљудувачите, да се обезбеди заштита, на влез во избирачко место и во самото избирачко место да се обезбеди дезинфекција, мерење температура… сето тоа подразбира и човечки ресурс и финансиски средства и многу ангажман и време. Ги зборувам овие работи земајќи ги овие факти и треба да се внимава кога се носи таа одлука. Нема политички побуди од моја страна, нема политички мотиви како што некој сака да го претстави“, констатираше Деркоски.

На прашањето дали би постоел политички притисок врз ДИК доколку се одлучи поинаку од она што Комисијата смета дека е подоброто решение, Деркоски дециден дека на него никој не може да влијае.

„Политички притисок надвор од закон не признавам. Веќе медиумски се врши притисок на Комисијата, особено конкретно на мене преку одредени изјави. Јас не обрнувам внимание на тие изјави, едноставно го читам законот, не ме интересира ништо затоа што тие што даваат политички изјави сега, најверојатно нема да се грижат за мене во некое идно време доколку се покрене прашање на одговорност“, изјави Деркоски.

Што се однесува до буџетот предвиден за спроведување на предвремените парламентарни избори, Деркоски рече дека ќе бидат доволни, освен за она што ќе го предвиди здравството, заштитни средства, маски.

„Ние направивме регистар на медиуми за платена политичка кампања, а сега ќе имаме нов датум за избори. Како ќе им го објасниме со тие што ги одбивме? Кои навреме не се регистрирани? Тие сега ќе имаат полноправно да аплицираат повторно и да бидат дел од тој колач“, објасни Деркоски за делот што веќе е завршен со платената политичка кампања од изборниот процес што беше предвиден за 12 април.

„Ние имаме закупено 700 приватни објекти од вкупно 3. 500 избирачки места. Сите тие зафаќаат мала површина, а сега ќе треба да закупиме објекти со многу поголема површина. Голем дел и од јавните објекти се мали. Значи, треба да направиме комплетен скрининг и да извршиме промена на тие места. Тоа не се прави преку ноќ. Нов опис на избирачките места, ново известување на граѓаните, нова кампања, едукација на гласачите, на избирачките одбори во нови услови“, вели Деркоски чија препорака е да се почне од почеток целиот изборен процес и да се внимава многу на здравјето на луѓето.

„Не смееме да дозволиме да го делегитимираме процесот, тоа е основното начело и принцип што и самиот Изборен законик го уредува и утврдува“, потенцираше тој.

Деркоски, како пример, го поставува прашањето како ќе го легитимираме гласачот дали гласал на друго место или не, кога истовремено со прскање на спреј му бараме и дезинфекција на раце. За на правото на еден човек еден глас, вели дека не може да се заштити ниту преку пошта ниту по електронски пат.

На крај Деркоски констатираше дека ДИК ќе ги спроведе изборите и во оваа ситуација, но во процесот потребна е огромна помош и од засегнатите страни и носителите на одлуки.

Биљана Јордановска

Камера, фотографија, монтажа: Ариан Мехмети

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ