ПОБЛАГИ МЕРКИ Владата донесе одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд. Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот. Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.
ВЕРСКИ СОБИРИ „Како претседател на сите граѓани им укажав на верските лидери дека од нив очекувам како и досега да повикаат на одговорно однесување на граѓаните за време на верските празници, како и да го осудат секое однесување спротивно на мерките пропишани од државните органи“, соопшти претседателот Стево Пендаровски по телефонските разговори со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и со поглаварот на Исламската Верска Заедница, Сулејман ефенди Реџепи.
БЕЗ ПАНИКА Велес не е ново жариште за ширење на корона вирусот бидејќи инциденцата е многу мала, помала и од Куманово и од Прилеп. Сите случаи се поврзани со веќе докажани пациенти, односно дефиниран е кластерот, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
ИЗБОРИ Препораката на Комисијата за заразни болести базирани на стручен пристап ќе го одреди одржувањето на изборите, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
ГОВОР НА ОМРАЗАТА Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Б.П.(32) од Скопје, кој работи во Р.Германија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавениот по пат на информатички систем, на 06 мај 2020 година до електронската пошта на функционер од политичка партија и до електронска пошта на Владата на Северна Македонија испратил текст со говор на омраза.
ЈАВЕН ПРЕВОЗ Во сабота, на 9 мај, јавниот превоз ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот, по саботен возен ред. Во недела (10 мај), јавниот превоз ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот, по неделен возен ред.
ИМЕНУВАЊА Владата денеска на седница го именуваше Миле Сугарев за в.д. генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Сугарев доаѓа на местото на Ден Дончев кој пред неколку дена поднесе оставка од позицијата директор на Фондот поради здравствени и семејни причини. Претходно бил директор на Секторот за финансиски прашања на ФЗОРСМ.
БЕЗ ФИЛТЕР: Чулев сигурно знае дали Мицкоски вежба во теретана секој ден
Во која процедура е одобрен спотот во продукција на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев? Каде и кога е објавена набавката? Кој ја одобри? Каде може да се најде документацијата за целата постапка, колку средства чини продукцијата на спотот? – се дел од прашањата кои ги поставува Џабир Дерала во најновото издание на видео колумната БЕЗ ФИЛТЕР.