• Latest

Брзи избори се можни и потребни, освен ако математиките на некои се поинакви

May 14, 2020

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Брзи избори се можни и потребни, освен ако математиките на некои се поинакви

May 14, 2020 17:48
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Независно дали ќе се продолжи вонредната состојба и за колку, со донесените протоколи за целокупниот изборен процес од предизборните активности до денот на гласањето, останува ставот на Владата дека изборниот процес продолжува онаму каде што застанал: 24 дена пред денот на гласање.

Според Роковникот на Државната изборна комисија за предвидените парламентарни избори што беа закажани за 12 април остана да се спроведе изборната кампања, платеното политичко рекламирање, заклучување на Избирачкиот список за внесените промени (во оваа ситуација се претпоставува дека Избирачкиот список повторно ќе биде ставен на увид), замена на кандидат на кандидатска листа, во случај на смрт, како и поднесување и одобрување на барањата за набљудување на изборите.

На 22 март, ДИК кончено, по Уредбата од Владата, официјално ги прекина сите активности поврзани со предвремените парламентарни избори што беа закажани на 12 април.  ДИК се обврза да ја чува и обезбедува изборната документација до спроведување на изборните дејствија и изборите кога ќе се создадат услови.

„Единствено нешто на кое во изминатите денови го повторувам постојано е до носителите на одлуки, политичките фактори коишто ќе треба да обезбедат некој политички консензус за одредување на датумот на избори е да внимаваат на Изборниот законик. Секој друг начин на кој што би се одредиле понатамошните чекори со импровизација ќе доведе до делегитимизација на самиот изборен процес и до оспорување на резултатите понатаму на целиот процес… Сега во оваа ситуација кога хипотетички здравствените власти ќе одлучуваат дали се надминати условите за пандемија и истите тие ќе треба да дадат насоки на ДИК на кој начин ќе треба да изработат протоколи за да се спроведат тие процедури затоа што јас како претседател на ДИК и целата Комисија, не сакам да бидеме одговорни за последиците од целиот изборен процес… Ги зборувам овие работи земајќи ги овие факти и треба да се внимава кога се носи таа одлука. Нема политички побуди од моја страна, нема политички мотиви како што некој сака да го претстави“, изјави Оливер Деркоски, претседател на ДИК на 7 мај во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

Една недела подоцна, по донесувањето на протоколите од Комисијата за заразни болести што ги презентираше министерот за здравство, Венко Филипче, Деркоски изјави дека само за Избирачкиот список се потребни околу 50 дена.

„Избирачкиот список, кога и да се изборите, ќе го добиеме во иста форма како што го добиваме секогаш откако ќе го дознаеме денот на изборите. Добиваме суров материјал, наредниот ден се декриптира. Затоа велат дека за оваа операција се потребни помеѓу 45 и 50 дена. Јас ги разбирам политичарите и нивните мотиви, но јас морам да го почитувам законот. Јас како претседател на ДИК можам да бидам надгласан од другите членови на Комисијата, но Избирачкиот список се потпишува од сите членови на Комисијата и откако сите ќе се потпишат истиот се заклучува и со тој се оди на избори. Јас таков список нема да потпишам“, изјави Деркоски на „Утрински брифинг“.

За брзи избори се произнесе СДСМ, а истиот став го застапува и Владата, додека ВМРО-ДПМНЕ е некаде на истиот став како и ДИК. Заедничко нешто на сите чинители во изборниот процес е дека здравјето е приоритет.

„На основа на епидемиолошката анализа, којашто е направена, врз основа на конкретни показатели, за тоа дека можно е да дојде до олабавување и тоа и практично се гледа дека доаѓа до намалување на бројот на инфицирани и олабавување, без разлика на тие инцидентни случаи, кои се јавуваат од ден во ден. Меѓутоа тоа ќе биде и основата кога ќе се носи одлуката во делот на изборниот процес дека е добро да имаме што е можно побрзо организирање на избори, за да имаме функционални институции, изјави вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски.

На лидерската средба на 12 март, за која дознавме дека ја барал Мицкоски, лидерите се договорија да се договорат. По објавените мислења на владата и на дел од експертите, граѓанските организации, креаторите на јавното мислење и политичките лидери и други релевантни ентитети во земјата, се чини дека брзи избори се неминовни. Сепак, друи идната недела лидерите на политичките партии се очекува да добијат појасна слика за „идеалниот“ датум на одржување на изборите.

Освен ако математиките на некои им се поинакви…

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ