• Latest

Спасовски: Се прави детален протокол за изборната кампања и за денот на изборите

May 13, 2020

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: Се прави детален протокол за изборната кампања и за денот на изборите

May 13, 2020 14:24
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата прави детален протокол како ќе се одвива кампањата на политичките партии на терен, но и како ќе спроведат изборите на денот на гласањето, најави денеска премиерот Оливер Спасовски, кој присустваше на увид на градежните работи во изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш.

-Главно во сите протоколи е дистанцата и носењето на заштитната опрема и тоа е многу важно ако сакаме да ја одржиме состојбата, ваква каква што ја имаме, да имаме тенденција на намалување на инфицираните и од тој аспект ќе биде подготвен детален протокол, како да се однесуваат политичките субјекти, во текот на изборната кампања и за самиот ден на изборите, вели Спасовски.

Премиерот Спасовски очекува партиите веќе наредната недела да го утврдат и датумот на предвремените парламентарни избори.

Прашан доколку продолжат во континетите исти бројки на заболени од коронавирус и во наредниот период, дали СДСМ ќе остане на истиот став за брзи избори, Спасовски со одговор дека и како Влада и како партија имаат став дека приоритет им е здравјето на граѓаните, и како што рече така се однесувале во текот на минатите месеци и се преземени низа на мерки, со цел да има помал број на заразени граѓани.

-На основа на тие анализи, коишто ги правеа стручните луѓе, епидемиолозите ги носевме и сите одлуки. Така да ние на основа на епидемиолошката анализа, којашто е направена, врз основа на конкретни показатели, за тоа дека можно е да дојде до олабавување и тоа и практично се гледа дека доаѓа до намалување на бројот на инфицирани и олабавување, без разлика на тие инциденци, кои се јавуваат од ден во ден. Меѓутоа тоа ќе биде и основата кога ќе се носи одлуката во делот на изборниот процес дека е добро да имаме што е можно побрзо организирање на избори, за да имаме функционални институции, вели Спасовски.

Тој посочи дека едно е здравствената криза, а втора е и економската криза, којашто е резултат на здравствената криза.

-Затоа ќе имаме многу одлуки, коишто навистина ќе бидат тешки, но и храбри одлуки за да може да поддржи македонската економија во наредниот период. Епидемиолошката проценка е дека наесен можеме да имаме нов повратен бран на забалени и инфицирање од Ковид 19. Така да тука треба да се гради стратегијата во делот на одржувањето на изборите, вели Спасовски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ