• Latest

Сите се колнат во Чаир, ама Чаир не е за сите

May 16, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сите се колнат во Чаир, ама Чаир не е за сите

May 16, 2020 10:25
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ

Дека општеството ни е поделено по многу суштествени прашања, како што е правичната (не)застапеност и еднаква грижа од државата за сите граѓани, (под држава подразбирам државни институции, а државата е на граѓаните), најконкретен показател за тоа се барањата на граѓаните. Од двете страни на Вардар.

Конкретно, во главниот град, Скопје. Бидејќи Скопје е поделено на лева и десна страна од Вардар, а многу успешно се доподели во десетте години владеење на Груевски и неговата широкоградост кон Ахмети, што се однесува на делот од градот што му го отстапи за да седи мирно и на готовс пред неговата заповед за спроведување на лични мегаломански ненормални и безобразни ќејфои, а за возврат му дозволи непречено движење и делување во строго определените граници на доделениот дел од градот. А ниту сега не е нешто подобро, освен кога се работи за барање гласови.
Барањата на граѓаните од урбано опремениот дел на градот се во рамките на тоа што го имаат, односно, се барања за подобрување на условите на животната средина. Од поквалитетни училишни и здравствени објекти, улици, велосипедски патеки, зелени површини и уште многу други потреби за нормално живеење.  

Истите барања на граѓаните од другиот дел од градот, во којшто владее тотален неред и хаос во служба на градежната мафија што ја дели власта со сите можни „позиции“ и опозиции, не важат. 

Не дека не сакаат булевари, квалитетно изградени и опремени училишни и здравствени објекти, зелени површини и се друго што е потребно за нормално живеење, туку немаат од кого да бараат. За да не дадам широк опис на состојбите во десниот дел од реката, ги повикувам новите пратеници на новата влада, тие што нога не им стапнала натаму, да направат еднодневна детална прошетка низ Серава, Гази Баба, и погоре низ Чаир.

Повикот е кон пратениците Македонци. Поголемиот број на пратениците Албанци се од општина Чаир ( освен тие од другите градови), ама они нису одавде, тие живеат во Собрание.

Додуша, во општина Чаир почна да се гради еден од 16-те кружни текови, ветени на последните локални избори. Градењето започна пред одложените предвремени избори на 12 април, и се уште трае. Веројатно ќе биде готов до следните.  Во еден дел од улиците се направи простор за велосипедски патеки, коишто ги стеснија улиците дополнително, а патеките завршуваат на првите раскрсници заради инфраструктурата на улиците, така што, корисниците на велосипеди се снаоѓаат како знаат за да стигнат до центар, кадешто почнуваат другите патеки.

Се изгради и нов трговски центар ( Retail Point), нешто што навистина беше потребно во тој дел од градот,  но територијално спаѓа во општина Бутел, а буџетот го полнат жителите на Чаир. 

Ни претстојат избори. 

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ