ИЗБОРИ „Терминот за одржување на изборите е детерминиран уште од носењето на Уредбата со законска сила за запирање на сите изборни дејствија, тоа значи дека по завршувањето на вонртедната сотојба продолжуваат изборните рокови“, истакна вечерва премиерот Оливер Спасовски во итеревју на ТВ Клан.
РАБОТНИЧКИ ПРАВА ССМ во насока на унапредување на работничките права и демократските вредноси предлага недела да биде неработен ден за сите работници. Ваквата иницијатива на ССМ веќе се покажува и во пракса и голем број на работодавачи своеволно го прогласија Недела за неработен ден, тоа е примерот што треба да го следат и останатите работодавачи како и Владата.
ДДВ Според министерката за финансии Нина Ангеловска, „Викенд без ДДВ“ е корисен и за граѓаните и за стопанството. Како што објасни Ангеловска, апликацијата МојДДВ овозможува да се постават одредени лимити, колку сметки, во кои сектори, колкав ќе биде повратот, дали ќе биди 100 проценти повратот за одредени производи и сето тоа ќе биде овозможено бидејќи апликацијата функционира, се со цел да се спроведе тој викенд со поголем поврат на ДДВ во насочени сектори кон домашна портрошувачка на домашни производи и услуги.
СТАВ СДСМ со јасен став за избори првиот момент кога тоа ќе го дозволи здравствената состојба, доколку заврши вонредната состојба на 30 мај, првиот рок за избори е 21 јуни. Како што нагласи пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпатска, Мицкоски бега од избори, неговите тврдења не се темелат на медицински сознанија, експертите оценуваат дека ризокот за избори во јуни е најмал.
ОДЛУЧНОСТ „На македонските граѓани им треба Собрание, функционално и политичка влада со полн и нов легитимитет од граѓаните и ние имаме обврска да го обезбедиме. Интересот на граѓаните и државата е на прво место и ние нема да дозволиме никој па ни Мицкоски да го загрозува нивното здравје, да ја загрозува нивната економија и загрозување на демократијата. Џабе е бегањето од избори на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Бегање нема, избори ќе има и тие ќе изгубат на изборите“, изјави Зоран Заев по лидерската средба.
СЛОБОДНА ЗОНА „Постојано го раскажува својот сон дека ќе биде премиер, ама не сака да се кандидира… Се чувствува како пропаднат спортист… Според него, не треба да се пружи финансиска помош за колку-толку да се залечат раните од пандемијата, затоа што тоа било изборен поткуп, а ни датум за избори нема – затоа што тој не го дозволува тоа“, рафал на Џабир Дерала „Ако некој се чувствува пропаднато, треба ли сите да пропаднеме?“
Б. Јордановска