• Latest

26 мај, вонредна состојба, ден 68: Владата одлучува за мерките за КОВИД-19, 16 нови случаи, завршни зборови за „Рекет“…

May 26, 2020

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Скопје ќе го одбележи Денот на независноста на Украина со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

26 мај, вонредна состојба, ден 68: Владата одлучува за мерките за КОВИД-19, 16 нови случаи, завршни зборови за „Рекет“…

May 26, 2020 16:55
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Владата попладнево одлучува за мерките за заштита од КОВИД-19

Владата од 16 часот ќе одржи седница на која се очекуваат одлуки за мерките и препораките за спречување на ширењето на КОВИД-19. Владината прес-служба најави соопштение по завршувањето на седницата.

Денеска заседаваше Комисијата за заразни болести, која ги анализира тековните состојби со ширењето на вирусот, а меѓу темите за расправа беа можностите за олабавување на мерките, за отворање на угостителските објекти, на градинките и евентуалното намалување на полицискиот час.

Според претходните препораки на Комисијата, треба да се донесе одлука по кои критериуми ќе се отворат кафеаните, односно да има ограничен број на посетители, растојание помеѓу масите или можност да функционира само терасата или летната бавча на објектите.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти:  Скопје 3 и Тетово 11, а во последните 24 часа направени се 314 тестирања, и регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-19.  По градови во: Скопје 9, Штип 5, Струга 1 и Гостивар 1. Регистрирани се и три смртни случаи: пациентка од Велес (78), хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ починал пациент од Тетово (84), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76) примена на 19 мај.

*

Според информациите од Центарот за јавно здравје во Велес во изминатите 24 часа нема ново регистрирани заболени од КОВИД-19, а со тоа во Велес петти ден нема регистрирано ново заболени – од 21-ви мај кога беа 127, од кои денеска активни се 40.

*

Нови пет случаи на заразени со коронавирус во Штип, од кои четири се текстилни работнички од штипската конфекција, во која во изминатите два дена беа регистрираа две заразени работнички, со што во оваа фабрика вкупниот број на заболени изнесува шест лица. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска рече дека од страна на сопственикот на конфекцијата е информиран оти се затвара на една недела, а ако се покаже потреба и подолго.

*

Општинскиот кризен штаб Штип денеска почна со таргетирана дезинфекција на повеќе локации, и тоа пред сите текстилни компании, истакна градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој раководи со Општинскиот кризен штаб, по денешниот состанок на Штабот.

*

Отворање на угостителските објекти, на градинките и намалување на полицискиот час, се некои од темите за кои Комисијата за заразни болести денеска би требало да разговара, по најавите дека ќе има олабавување на мерките по празниците.

Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките, заради тоа што тие не биле почитувани од граѓаните, соопшти Министерството за здравство.

*

Вкупно 289 лица за време на продолжениот празничен викенд не го почитувале полицискиот час, од нив 187 се приведени, а 355 граѓани се санкционирани за неносење лична заштита на лице.

*

Во текот на изминатото деноноќиe за време на полицискиот час, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, во Кичево во целост се почитувала забраната за движење.

*

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до прилепскиот Основен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица, а до Основниот суд Крушево поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица поради прекршување на полицискиот час.

*

Одделението за внатрешни работи од Дебар до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.К.(20) од Дебар осомничен за сторено казнено дело  „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

*

Во Државен карантин во Хотел „Монтенегро“ кај Велес во моментот престојуваат 79 лица повратници од странство, а најголем дел од нив се млади кои работеле на крузери, сите се здравствено прегледани и се во добра состојба, информира за МИА д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом од Велес.

*

До крајот на наеделата ќе се направи проценка, дали е потребно прогласување нова, трета вонредна состојба, рече денеска премиерот Оливер Спасовски.

ФЛЕШ ВЕСТИ:

Да не се промовираат мерки чие спроведување е во тек и со кои јавноста е веќе запознаена, како и мерки кои не се непосредно поврзани со санирање на последиците од корона кризата, укажува Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

*

Катица Јанева уште е во филмот на Чарлиевите Ангели, со овије зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет“. Според неа, Јанева со своите Чарлиеви Ангели, била подигната на пиедесталот, но таа на крај избрала да биде на страна на злото.

*

Фотографија од чантата „Луј Витон”, од предметот „Рекет”, во домот на родителите на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во Кривичниот суд Скопје, предизвика големи реакција од страна на одбраната на овој обвинет кој сметат дека јавниот обвинител, во завршни зборови пробува на мала врата да доставува доказ.

*

Над 320.000 пензионери ќе ја добијат предвреме мајската пензија. Исплатата почнува утре, 27 мај, и ќе биде етапна.

*

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 8,50 отсто, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

СЛОБОДНА ЗОНА

„Според стравот што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно го манифестира од можноста наскоро да се излезе на избори, не може да се заклучи ништо друго освен дека тамошните очекувања од резултатите се – изборен пораз. Да речеме дека е тоа точно и дека тој страв им е оправдан. За секое партиско раководство тоа значи соочување со персоналните политички последици по поразот, со преземањето одговорност за поразот. Би било за очекување дека, во таква ситуација, партијата би морала да се праша во што е проблемот и што треба внатре, во самата партија, да се менува?“, пишува Сашо Орданоски во Страв од летање.

„Во моментов се поставува прашањето: зошто во Македонија не се намалува бројот на заразени од Ковид-19 во обем и на начин како во другите соседни држави?

Првата причина може да се побара во мерките кои ги има преземено управувачката структура.

Во образованието има еден интересен институт, кој го негуваат дел од наставниците/професорите – вложен труд. Тоа значи дека кога даваат оцена не го вреднуваат резултатот (стекнато знаење, вештини), туку, колку ученикот/студентот се трудел, ама не постигнал никаков или, многу мал резултат“, пишува Мирјана Најчевска во Не е без причина.

„Овде ни оддалеку не се работи за тоа да се анализира само дволичноста, туку да се разбере фактот дека се работи за сосема различни, поточно, спротивставени концепти и постапки кои немаат врска една со друга. Од една страна се хуманитарните активности, а од друга – партиска пропаганда која кризата со коронавирусот ја злоупотребува за свои цели.“, пишува Џабир Дерала во Недоследност, неодговорност, незрелост… И скандали.

А. Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Share42Tweet27Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ