• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 68: Се укинува полицискиот час, угостителските објекти почнуваат со работа, а надлежните повикуваат на поголема свест кај граѓаните…

May 26, 2020
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 68: Се укинува полицискиот час, угостителските објекти почнуваат со работа, а надлежните повикуваат на поголема свест кај граѓаните…

May 26, 2020 23:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ПОЛИЦИСКИ ЧАС Владата на денешната 57-ма седница донесе одлука со која од утре, 27 мај, целосно престанува важењето на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ На владината седница донесена е и одлука според која од четврток, 28 мај, отпочнуваат со работа на угостителските објекти во Република Северна Македонија со прецизно утврден соодветен протокол за нивна работа во отворените делови, односно терасите на овие објекти, а работата во затворените делови и во објектите кои немаат тераси, ќе се регулира во наредната фаза.

ВРАБОТЕНИ Од 1 јуни 2020 година, престануваат да важат заклучоците на Владата со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, организирање на работниот процес со ротации и другите слични мерки и препораки. Оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа, дејствување и однесување на работно место кој се однесува на просторните услови, физичкото растојание во работните и другите простории, носењето лична заштитна опрема и така натаму. Ова не важи за хроничните болни, а како дополнителен заклучок Владата денеска утврди дека отстапка од оваа одлука се и родителите кои имаат деца на возраст до 10 години или деца на претшколска возраст, за кои ќе се чека одлуката за отпочнување на работата на градинките.

КАРАНТИН Владата денеска го усвои протоколот за постапување при влез на сите лица македонски државјани во земјата. Согласно овој протокол задолжителниот државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, се заменува со домашна изолација доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија приложат негативен ПЦР тест за корона вирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија. Од денеска, согласно одлуката на Владата од денешната седница, сите лица кои се спроведени во објектите за државен карантин, на свој трошок, можат да направат ПЦР тест во објектот во кој се сместени и доколку имаат негативен резултат да бидат упатени во домашна самоизолација.

ТУРИЗАМ Владата ја задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство да подготви соодветни протоколи за работа на хотелите, односно за начинот на работа со посетители, и за работата во простории на хотелите.

НЕВРАБОТЕНИ Денеска е донесена и Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност за време на вонредна состојба, согласно која на невработено лице, на кое работниот однос му престанал во периодот од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година, независно од времето поминато во работен однос, може да оствари право на паричен надоместок во висина од 50% од месечна нето плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија, објавена за последниот месец. Овој надомест се исплатува во случај кога работниот однос му престанал со давање на писмена изјава од страна на работникот, кога спогодбено му престанал работниот однос или кога работниот однос му престанал со отказ од страна на работодавачот, за времетраење од два месеци, сметано од престанокот на работниот однос.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ