• Latest

Македонски „фарми на тролови“ повторно се поврзуваат со „колеги“ од југоисточна Азија

May 31, 2020
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонски „фарми на тролови“ повторно се поврзуваат со „колеги“ од југоисточна Азија

May 31, 2020 08:41
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter
Веста дека „фарми на тролови“ од Северна Македонија и од Филипините работеле за споделувачи на теории на заговор и дезинформации за Ковид-19 на Фејсбук го предизвика вниманието на македонската јавност. Вчера американски „СиЕнБиСи“ објави дека Фејсбук ги отстранил страниците на нарачателот на работата на таквите мрежи платеници.

 

Ова не е прв случај македонските армии на тролови да се поврзуваат со слични ентитети од регионот на југоисточна Азија.

Во септември 2018 година, како дел од кампањата „#Бојкотирам“, истражувањето на Атлантски Совет откри користење на фарма на тролови од Виетнам за подривање на поддршката за консултативниот референдумот преку кој граѓаните беа поканети да се изјаснат дали се за влегување на земјата во ЕУ и НАТО со променето име.

На пример, иницијативата на Атлантскиот Совет #ElectionWatch покажа дека виетнамски тролови се обидувале да креираат лажна слика за настани од владината кампања „За европска Македонија“ преку ставање негативни емотикони на видео-преносот на трибина од Кичево на која говорел тогашниот премиер Зоран Заев.

Според извештајот на Лабораторијата за дигитална форензика на Атлантскиот совет (Atlantic Council’s Digital Forensic Lab – DFRLab):

„Активноста изгледаше координирана со цел да се создаде лажен впечаток за тоа како јавноста ја гледа и чувствува кампањата „За“, во обид да се смени мислењето на поддржувачите и противниците.

Видеото на премиерот Заев емитувано во живо како дел од кампањата „За“ од средба со граѓаните на отворено во мултиетничкиот град Кичево. На видео-клипот има 2.753 реакции и околу 27.000 гледања.

Но, користењето на негативни емотикони беше невообичаено високо и достигна 909, при што се натпреваруваше со ракциите со 926 позитивни емотикони од обични корисници. Во споредба со други настани, во говорот не беше кажано ништо особено, ниту пак, говорникот направи некаков реторички гаф или предизвика посебна реакција  на публиката,“ стои во извештајот на Лабораторијата за дигитална форензика.

Снимка на екранот од видеото од трибината во Кичево од септември 2018 г. и дел од авторите на „лутите лајкови“. Фото: Мета.мк.
Видеото е сè уште достапно на Фејсбук и прегледот од страна на тимот на Мета.мк покажа дека, покрај профилите со виетнамски идентитет, голем дел од негативните реакции се од профили кои се претставени со арапски имиња и наводно потекло од Блискиот Исток. Може да се претпостави дека се работи за лажни профили, дел од мрежи од лажни профили за кои се знае дека ги воспоставуваат такви „фарми“ со цел влијание и во тие земји, ама фаќаат „тезги“ и во странство.

„Фармите за тролови“, односно организирани групи чија цел е преку координирани активности да промовираат одредени пораки на социјалните мрежи се присутни повеќе години во Република Северна Македонија.

Тие најчесто се поврзуваат со партиската инфраструктурата за креирање на лажни претстави со цел влиаење врз јавното мислење создадена во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, односно режимот на Никола Груевски. Во медиумите кои се дел од пропагандната машинерија, нивната активност лажно се прикажува како спонтани реакции од „народот“.

Во 2015 година, во земјата престојувала и Ана Богачева, за која истражувачките новинари пишуваа дека е експертка за креирање вакви „фарми“ од Русија и дека е дел од мрежата на озогласената Агенција за истражување на интернет во Санкт Петерсбург.

Новинарските истражувања покажуваат дека одредени групи кои се дел од мрежите на „тролови“ од Република Северна Македонија излегуваат од партиските рамки и комбинираат работа за политички цели со комерцијална пропаганда, обидувајќи се да заработат од огласи наменети за публика од странство, или служејќи како платеници  за промовирање други типови содржини како теориите на заговор против вакцинирањето.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ