• Latest

Барање за финансиска поддршка за домашната вонинституционална културна сцена како резултат на кризата со коронавирусот

June 1, 2020

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Барање за финансиска поддршка за домашната вонинституционална културна сцена како резултат на кризата со коронавирусот

June 1, 2020 13:55
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на уметници и други физички лица кои самостојно вршат дејности и други активности во областа на културата за време на вонредна состојба, излезе во Службен весник на Република Северна Македонија, на 28 мај 2020, четврток (Број 139 28 година LXXVI).

Како што денеска соопштија од Иницијативтаа „КУЛТУРА Е НАСЛОВНА СТРАНА НА СЕКОЕ ОПШТЕСТВО“ и ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена, уредбата се однесува на нивното последно барање, односно финансиска поддршка на уметници и други физички лица кои самостојно вршат дејности и други активности во областа на културата како и вработени во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата, за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари.

Во соопштението се наведува дека повеќето нивни барања се прифатени, но, како што стои,  не ги содржи сите нивни предлози.

– Уредбата не ги содржи нашите барања да се вклучат во поддршката и вработени во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата, а тие лица не се опфатени со оваа, а и ниедна друга мерка и уредба. Исто така, критериумите за добивање на средства се уредени според Министерството за култура и не ги содржат сите наши сугестии, се вели во соопштението.

Во соопштението меѓу другото потсетуваат дека на почетокот на кризата поднеле барање за воведување на специјални мерки за помош на домашната вонинституционална културна сцена како резултат на кризата со корона вирусот. Барањето било доставено до Оливер Спасовски претседател на Владата, Mила Царовска заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања,
Хусни Исмаили министер за култура и Петре Шилегов градоначалник на Град Скопје.

– Формирање на фонд за доделување на субвенции како месечни надоместоци за припадниците на домашната вонинституционална културна сцена, погодени од кризата со корона вирусот. Фондот да опфати средства за исплата на месечни надоместоци за период од 6 месеци, почнувајќи од март 2020 година, во износ од просечно бруто плата за вработените во правните лица и ТП самостојни уметници
влезени во системот на бенефиции на Министерство за култура, и износ од просечно нето плата за невработените – хонорарно ангажирани уметници и културни работници, на кој ќе го покрие персоналниот данок на доход. Итна и неодложна исплата на средствата доделени за финансирање на проекти од
2019 година од страна Министерство за култура и единиците на локална самоуправа, итно потпишување на договори за финансирање на проекти поддржани во 2020 година помеѓу Министерство за култура, Град Скопје, другите единици на локална самоуправа и корисниците, прилагодување на планот и роковите за нивна реализација согласно состојбите на терен, префрлање на 70% од доделените средства по потпишување на договор и признавање на досега направените трошоци за организирање на програмата, и покрај откажувањата или доцнењата во нивната имплементација (на пр. откажани авионски билети, трошоци за тековно работење и слично), стои меѓу другото во соопштението.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ