• Latest

Османи: Треба да се бориме против лажните вести за граѓаните да сфатат дека вирусот постои

June 2, 2020

Медиумите и изборите: Чувари на демократијата или алатка за манипулација – што е што во изборен контекст

August 15, 2025
Протест на овинари, медиумски работници и претставници од граѓански организации  пред Граѓанскиот суд во Скопје. Фото: Скриншот од видео на Призма

Извештај на Стејт департментот за човековите права во Северна Македонија: Сериозни ограничувања на слободата на изразување и медиумите, насилство и закани за насилство врз новинари

August 15, 2025
Фото: Скриншот Х

Калас го повика Израел да се откаже од плановите за изградба на населби на Западниот брег

August 15, 2025

Уште 42 лица, вклучувајќи го и градоначалникот на Бејоглу, се приведени во истрага за корупција во општина Истанбул

August 15, 2025

По 11 дена разговори во ОН не се постигна глобален договор за справување со загадувањето од пластика

August 15, 2025

Влада: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

August 15, 2025
Руското пристаниште Оља во Астраханската област, Русија. Фото: Веб-страница на трговското пристаниште Оља

Украинските сили нападнаа пристаниште во регионот Астрахан што го користи Русија за снабдување од Иран

August 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

(ВИДЕО) Проукраински протест во Анкориџ пред самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025
West Bank map screenshot

Израел на пат да одобри многу контроверзна населба од 3.400 куќи на Западниот Брег

August 15, 2025
Протести во Србија
Фото извор- скриншот од видео на Н1

Судири, солзавец и демолирани простории на владејачката партија на протестите во Србија синоќа

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Османи: Треба да се бориме против лажните вести за граѓаните да сфатат дека вирусот постои

June 2, 2020 21:39
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања и шеф на владиниот кризен штаб Бујар Османи во вечерашното интервју за телевизијата „Телма“ истакна дека колективните рестриктивни мерки не можат да бидат посилни од индивидуалната свест на граѓаните и оти е потребно спротивставување на лажните вести и теориите на заговор, за луѓето да ја увидат опасноста на вирусот а не да веруваат дека тој не постои.

– Јас, како политичар, не би контрирал на ставовите на Комисија за заразни болести во однос на рестриктивните мерки. Но, лично сметам дека колективните рестриктивни мерки не можат да бидат посилни од индивидуалните мерки за заштита. Не може на ниту еден начин да се наметне личната хигиена, држењето дистанца и носењето маска. Треба да се работи на подигнување на индивидуалната свест дека секој треба да си го штити својот праг за да не влезе вирусот во неговиот дом, истакна Османи, кој рече дека во моментов е многу важна борбата против лажните вести, кои се обидуваат да ја злоупотребат психичката фрагилност на луѓето за да наметнат конспиративни теории.

Според Османи, зголемениот број на новозаразени е вознемирувачки и загрижувачки. Но, како што рече, олеснителна околност е тоа што се познати кластерите, што овозможува подобро менаџирање, тестирање и контролирање на вирусот.

Тој истакна дека поголемиот дел од граѓаните ја сфатиле сериозноста на ситуацијата и ги почитувале владините мерки, но проблем се оние кои тоа не го сториле.

– Доколку некој не верува дека маската го штити, тој ќе ја носи само кога ќе види полицаец, потоа ќе ја извади. Не може полицаец да ја чува секоја врата и да го чува секој човек, вели Османи, кој смета сите заедно во Владата, која е составена од неколку партии, треба заедно да работат за да се надмине епидемиолошката криза и оти е рано да се утврдува одговорноста за зголемување на бројот на новозаразени, бидејќи, како што рече, за тоа е потребна издржана анализа, а не шпекулации.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ