• Latest

Писмо од Раде Шербеџија до Горјан Тозија: Лично сум сведок на целата приказна која ја затече во Агенцијата за филм

June 3, 2020
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Писмо од Раде Шербеџија до Горјан Тозија: Лично сум сведок на целата приказна која ја затече во Агенцијата за филм

June 3, 2020 17:40
in КУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Отворено писмо од Раде Шербеџија, испровоцирано од нападите на селектирани медиуми кон неговиот долгогодишен соработник и пријател, Горјан Тозија – Медо, директор на Агенцијата за филм.

„Драг мој пријателе. Жал ми е што поминуваш низ сите овие каубојски напади по разно разните социјални мрежи и портали во Македонија и Хрватска, кои баш и не се така социјални и демократски и кои станаа тренд во последно време, а и начин да се пресметаат со ставовите на политичките неистомисленици.

Тоа е можност за сите оние анонимни и безимени луѓе кои се кријат зад параваните на малограѓанштината и со своето лицемерие сеат зло и лаги околу себе. Лично сум сведок на целата приказна која ја затече во Агенцијата за филм кога стана директор на таа институција. И сите знаеме дека се обиде и сеуште се обидуваш да ги спречиш скандалозните малверзации и грабеж.

Ми пишуваш, најверојатно длабоко потресен од стихијните напади кон тебе, па дури во еден момент размислуваше да дадеш оставка, дека ти е доста. Но, сепак се предомисли и ќе одиш во битка со нив до крај. Се разбира пријателе…Не треба да се предадеш…Они ја бараат твојата глава и сакаат засекогаш да те замолчат. Они не спомнуваат ништо за твоите залагања да се спречи извлекувањето на пари од Агенцијата за филм по основ на фиктивни филмски проекти кои никогаш не беа остварени…Они ги свртуваат темите на твоите политички ставови и секако при тоа измислуваат работи и зборови кои никогаш не си ги изговорил…Тоа е испробана тактика за сервирање лаги кои имаат за цел да извалкаат нечие име и неговите дела….Затоа те напаѓаат со сите оружја.

Но, ти нема да им се предадеш! Ти имаш многу пријатели и во Македонија и во Хрватска кои знаат кој си и што си, и сигурен сум дека нема да потклекнеш пред тие притисоци…Не може тоа да го направиш, конечно поради македонскиот филм кому повторно му даде вистински ветер во грб… А и треба да снимиме уште нешто со сјајните македонски филмаџии…Јас едвај чекам повторно да се дружам со сите вас во нашата убава Македонија и да снимиме сјајни филмови и да се дружиме во Меана Б, кај нашиот Перо и кај нашиот другар Чамо во Скопје, а и во Битола, Струмица и во Охрид…

Познавајќи те целиот свој живот, знам дека секогаш беше на страната на филмот, се бореше за филмот, но и за праведни и човечки односи во оваа наша професија. Твоите лични успеси во македонскиот филм, од нашиот заеднички филм “Before the rain” – „Пред дождот” со кој победивме во Венеција и на многу други фестивали, конечно добивме номинација за Оскар, па сé до овие најнови успеси кои ги постигна со македонските филмови, повторно добивајќи двојна номинација за Оскар што е доказ за твоето големо знаење и продуцентскиот талент.

Но, драг мој пријателе, не се сите луѓе со кои ја создаваме нашата уметност и се занимаваме со филмскиот занает, луѓе со добра волја…Секогаш се наоѓаат некои кои со своите постапки и дела прават работи недостојни за нашата уметничка професија…

Не сакам да ги коментирам твоите политички ставови кои ги пишуваш на своите приватни страници. Иако мислам дека секој човек во едно демократско општество може слободно да ги изразува своите мислења. Јас лично не би се впуштал во такви работи бидејќи не може човек со своите ставови да промени, ниту пак да вразуми вжештени поединци кои со своите постапки и изјави често ја преминуваат границата на добриот вкус и од потврдени националисти стануваат прави шовинисти, па дури и расисти кои што во 21. век промовираат фашистички идеи и пароли кои ова наше човештво и цивилизација ги завија во црно во Втората светска војна и убија милиони невини луѓе и деца. Не можеш ти со своите приватни писма и ставови ништо да промениш освен што на себе си навлече омраза и хајка од сите оние кои на некој начин ги жигоса и ги критикуваше поради нивните десничарски ревизионистички ставови. Тие не се менуваат…Тие може само да се презираат, а времето ќе покаже дали ние сите заедно имаме  доволно сила да се спротивставиме на такви ревизионистички политики и нашиот свет повторно да го донесеме во рамнотежа.

Меѓутоа, она што морам да го напишам јавно е дека не смееме и не можеме да дозволиме таквите поединци да се пресметуваат со тебе, поистоветувајќи се со хрватската држава и хрватскиот народ и поради твоите критички ставови кон нивните изјави или политички симпатии, да пропагираат дека ја презираш Хрватска и хрватскиот народ.

Познавајќи те целиот свој живот, знам сигурно дека ја сакаш оваа наша Хрватска речиси како својата родна Македонија. И сум сведок колку добри дела си направил и сеуште правиш за хрватскиот филм и за хрватско-македонското пријателство.

Па ти всушност заедно со Игор Нолa и останатите од твојата генерација филмски работници, по завршувањето на образованието во Загреб, ја заврши најважната филмска школа кај нашиот легендарен Бранко Лустиг и стана еден од неговите најдраги и најдобри ученици.

Па ти драг мој Медо, го направи она што тогаш беше невозможно, од Скопје да стигнеш на бродот Либертас кој заплови од Риека до Дубровник во својата мисија – прекин на војната и бомбардирањето на тој светол град. Тогаш снимаше и документарен филм за стравотиите и последиците од бомбардирањата и рушењата на уметничките вредности на Стариот Град.

Сето тоа, ние твоите пријатели го знаеме, и не можат тие ситни политиканти со своите лаги да ја променат вистината за тебе.

Секогаш ќе бидеш и ќе останеш наш пријател и еден од најдобрите филмски работници на ова наше поднебје. Те сака и поздравува твој – Раде Шербеџија“ стои во писмото од Раде Шербеџија до Горјан Тозија – Медо.

Print Friendly, PDF & Email
Share48Tweet30Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ